1 ден – 30.12.2006 МАКЕДОНИЈА – ТУРЦИЈА
Поаѓање во попладневните часови во договрено време . Ноќно возење преку Грција , гранични формалности и попатни паузи…
2 ден – 31.12.2026 ИСТАНБУЛ – БАЛАТ И ПАТРИЈАРШИЈА – КАПАЛИ ЧАРШИЈА – ХИПОДРОМ – СВ. СОФИЈА – СИНА ЏАМИЈА
Планирано е пристигнување во Истанбул во претпладневните часови. Започнуваме со разглед на Истанбул: со локален водич започнуваме со посета на областа Балат, позната по своите шарени куќи и тесни улички, со прекрсни стилски мали кафетерии. Тука се наоѓа и Вселенската Патријаршија, значаен симбол на христијанството и Железната Црква, која е донација и изградена од македонски мајстори. Потоа одиме кон хотелот да го оставиме багажот и ако се спремни собите да се сместиме (регуларно check in е после 14 часот) . По кратка пауза, со локалниот водич продолжуваме на пешачка тура: посета на најпознатиот затворен пазар Капали Чаршија. Слободно време за индивидуален разглед. Продолжуваме на посета на Хиподромот, Света Софија (само однадвор) и Сината Џамија. Слободно време за кафе, ручек, разглед…
Враќање во хотелот.
Вечерта дочек на Новата 2027 година на некој од плоштадите во Истанбул.
СРЕЌНА НОВА 2027 ГОДИНА!
Ноќевање.
3 ден – 01.01.2027 ТАКСИМ – ГАЛАТА КУЛА – ОРТАКОЈ – ГАР РЕСТОРАН
Појадок. По појадокот се упатуваме кон позната продавница за турски слатки специјалитети: баклави, локуми, овошни и чоколадни бонбони, сувенири, чаеви, разни креми за разубавување и креми за болки по поволни цени. Во договорено време се упатуваме кон плоштадот Таксим. Прошетка по познатата улица Истиклал која е долга 2 км, од двете страни со продавници на познати марки, слаткарници, ресторани, кафетерии… и завршуваме со прошетка до Галата Кула, највисокиот видиковец во Истанбул. Слободно време.
Потоа се упатуваме кон познатата област Ортакој која се наоѓа под првиот висечки мост. Позната е по вкусниот полнет компир, слатки вафли, кафетерии и сувенирници… Слободно време да уживате и да направите прекрасни фотографии.
Враќање во хотел.
Факултативна организирана заедничка новогодишна вечера во ГАР ресторан со целосно мени и пијалок, и забавна програма.
Ноќевање.
4 ден – 02.01.2027 КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОТ – ЕГИПЕТСКИ ПАЗАР – МАКЕДОНИЈА
Појадок. По појадокот со локален водич се упатуваме на незаборавно Крстарење по Босфор – да доживееме еден поинаков Истанбул со целиот негов раскош виден од вода. Продолжуваме кон познатиот Египетски пазар – Мисир чаршија, за да може да ги видите и вкусите сите бои и мириси на истокот и западот. Можност за шопинг, да се испие најубавото турско кафе или да се ужива во познати турски специјалитети: ќунефе , катмар, турски чај или да пробате од познатиот превкусен ˮ Турски МекДоналдсˮ сендвич со свежа печена риба во лепче…
Во договорено време заминуваме кон познатиот Трговски Центар ФОРУМ ИСТАНБУЛ. Во непосредна близина се и продавниците Декатлон и Икеа. Во договорено време се упатуваме кон Македонија. Денско и ноќно возење со попатни паузи.
Пристигнување во Македонија рано наутро следниот ден.
ПРОМО ЦЕНА: 129 еур
РЕДОВНА ЦЕНА: 149 еур
Во цената е вклучено:
Превоз со туристички автобус на дадената релација
Сместување во хотел во Лалели, 2 ноќевања со појадок
Дочек на Новата 2027 година на плоштад во Истанбул
Локален туристички водич за време на сите разгледи
Туристички пратител за време на патувањето
Организација и водство на аранжманот
Во цената не е вклучено:
Туристичка такса – 5 еур
Задолжително : Балат и Патријаршија , Капали Чаршија,Хиподром, Св. Софија ( само однадвор) и Сина Џамија – 10 еур
Крстарење по Босфор и Египетски пазар – Мисир чаршија – 20 еур
Таксим , Галата Кула и Ортакој – 20 еур
Свечена вечера во ГАР ресторан –?
Доплата за повратен трансфер од Струга, Охрид и Ресен – 10 еур
Вкупна факултатива: 45 еур
НАПОМЕНИ:
-Калкулацијата е правена на минимум 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
Ако бројот на патници е помал од предвидениот, патниците ќе бидат известени за промена на типот на превозното средство или евентуално промена на цената.
– Факултативните излети може да претрпат промена во редоследот на изведувањето или промена на деновите во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже.
За изведување на факултативните излети е потребен е определен минимум патници. Во спротивно организаторот има право да ја зголеми цената на екскурзијата, или во краен случај да ја откажи.
Доплата за еднокреветна соба 60 еур.
Агенцијата не одговара за исправноста на документите на патниците
Важност на патните исправи најмалку уште 6 месеци од денот на враќање







