Select Page

ПАРИЗ 5 ДЕНА / 4 НОЌИ – АВИОНСКИ ПРЕВОЗ

Распослан на бреговите од реката Сена, која го дели на два дела, овој преубав град, познат како “Град на светлината“ е политички, економски и културен центар на Француската држава. Тој е еден од најзначајните светски градови во кој имаат свое седиште бројни меѓународни организации. Поради својата историја долга два милениуми, Париз отсекогаш бил место на значајни историски случувања како и собиралиште на најпознати светски уметници. Големиот број на знаменитости и туристички атракции како Дворецот Версај и Монтенебло, катедралата Нотр Дам, Црквата Сакр Кер, Музеите Лувр, Орсеј и многу други ке го направат Вашиот престој во овој град музеј, незаборавен.

1 ден Состанок на групата на аеродром во Скопје два часа пред лет. Полетување за Париз во 11:15 – слетување во Париз во14:20). Организиран трансфер со автобус до градот со вклучен краток панорамски разглед: Avenue des Champs-Élysées – Елисејските Полиња, Arc de Triomphe – Триумфалната капија, Place de la Concorde – плоштадот Конкорд . Сместување во хотел.Ноќевање.

2 ден Појадок. Организиран панорамски разглед на Париз со автобус. Се посетуваат:, Tour Eiffel – Ајфеловата кула, слободно време за искачуање или индивидуални прошетки. Факултативно: прошетка со брод по реката Сена.Факултативна посета на   Musée du Louvre – музејот Лувр.Организирна посета на галеријата Лафајет. Враќање во хотел.Ноќевање во хотел.

3 ден Појадок. Организирана целодневна посета на забавниот парк Дизниленд со автобус. Влезницата вклучува 2 паркови и е вклучена во цената на аранжманот. За патниците кои ќе купат аранжман без влезница Дизниленд ќе имаат слободнен ден за индивидуални активности. Враќање во хотел во дополнително договорено време.Ноќевање.

4 ден Појадок. Поаѓање од  хотел , посета на Латинскиот кварт ,  Montmartre и Moulin Rouge. Факултативна посета Версај.  Ноќевање.

5 ден Појадок, слободно претпладне трансфер до аеродром. Лет за Скопје 16:40 слетување 19:25

Авионски превоз

5 /4 ноќи
+трансфер

+ разгледи

+Дизниленд

2 паркови* опционално

Со појадок

Општи услови:

  • Плаќањето е задолжително во денари (1€ = 62 ден)
  • За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од крајниот ден на патувањето
  • Краен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата: 7 дена пред патување
  • За резервација задолжителна уплата од 100%
  • Можност за откажување на аранжманот 15 дена однапред, со задржување на 50% пенали
  • Откажување помалку од 15 дена пред патување: 100% пенали
  • Промена на име на патникот може да се направи 7 дена пред патување со доплата од 170 €
  • Цените за влезници во објектите може да претрпат промена и не се загарантирани
  • Редоследот на разгледувања во програмата може да се промени поради временски услови, гужва во сообраќајот или договор со патниците
  • За овој аранжман важат општите услови на патување

Во цената се вклучени следниве услуги:

  • Авио билет на релација Скопје – Париз – Скопје со Wizzair
    ( седиштата во авион се чекираат по случаен избор )
  • Аеродромски такси
  • Бесплатен рачен багаж 40x30x20 cm
  • 4 ноќевања со појадок во хотел со 3* од ланецот на IBIS
  • Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
  • Организиран панорамски разглед на градот со автобус
  • Еднодневна посета на 2 паркови во Дизниленд
  • Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој во Париз
  • Туристичка такса