Париз во Ноември
(19.11 – 22.11.2026)
Градот на светлината – Париз е еден од најпознатите туристички центри во светски размери. Град на љубов и романтика, град на уметници, бурен ноќен живот, висока мода и исклучителна кујна која никого не остава рамнодушен.
Искачете се на Ајфеловата кула или на кулата на катедралата на Notre Dame de Paris, прошетајте се по најпознатата авенија во Европа – Елисејски полиња и околните улички кои дишат со луксуз и отменост, возете се со бродче по Сена и мавнете и за поздрав на Статуата на Слободата. Или пак насмевнете се на Мона Лиса во музејот Лувр, задолжителна атракција за милиони посетители од целиот свет.
ПРОМО ЦЕНА: 429 € (26.600 ден.)
Редовна цена по лице: 549 €
Факулативни излети:
- Едночасовно крстарење по реката Сена со Bateaux Parisiens – 30 € по лице
- Влезница за Музејот Лувр – 40 € по лице
- Дизниленд (1 парк) со вклучен превоз – 150 € по лице
УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ:
- Цената е изразена во евра со денарски курс од 62,00 ден.
- При пријавување и склучување на договорот се уплаќа аконтација од 30% од вкупниот износ и најдоцна 15 дена пред датумот на патување се доплаќа остатокот.
- Плаќањето може да биде готовинско, со платежни картички или на фактура.
ОПШТИ НАПОМЕНИ:
– За програмата важат Општите Услови на патување на СКТМ.
– Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
– ТЕРМИНИТЕ и ЦЕНИТЕ на аранжманот се подложни на промени и се согласно моментална расположливост.
– Распоредот на активностите е подложен на промени согласно можностите и временските услови.
– За реализација на патувањето е потребен минимален број од 10 патници. Доколку минималниот број на патници не се исполни патниците патуваат без придружник од агенцијата, но со сите потребни информации за патувањето, рутите на движење, информации за превозните средства кои ќе се користат и достапност за консултации и прашања за време на целото патување.
– Кај аранжманите кои вклучуваат авио превоз, по купувањето на картата не е возможна рефундација на истите и во тој случај важат условите на авио компанијата.
– Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со low cost авио компанија, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекцијата, патниците се должни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
– Цените со low cost аранжмани подложни се на промени и по уплатата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
– Агенцијата не сноси одговорност за промени на конекциите на авио компаниите.
– Наведените саатници на летовите во програмата подложни се на промени и зависат од авио компанијата.
Програма
01 ДЕН (19.11.2026) СКОПЈЕ – ПАРИЗ (Ајфелова Кула, Триумфална Порта, Елисејски полиња)
Пристигнување на аеродромот во Скопје три часа пред летот кој полетува за Париз во 13:00 часот и слетува во 16:05 часот. Организиран трансфер од аеродромот до хотелот. Сместување во хотел и време за кратка пауза.
После краткиот одмор групата се упатува кон Трокадеро каде што има фото пауза на локација со идеална оддалеченост од Ајфеловата кула, а потоа ја посетуваме и самата Ајфелова Кула. Железна кула изградена на т.н. Марсово Поле покрај реката Сена во Париз. Тоа е највисоката градба во Париз и меѓу најпрепознатливите симболи во светот. Именувана според нејзиниот архитект Густав Ајфел, денес претставува една од најпосетените туристички атракции.
Ја посетуваме и Триумфалната Порта, еден од главните симболи на Париз која се наоѓа на Плоштадот Шарл де Гол, исто така познат и како Плоштад – ѕвезда. Од таму се упатуваме кон улицата Елисејски полиња која е една од најпознатите улици во светот, со многу кина, кафулиња и луксузни специјализирани продавници. Улицата се протега се до плоштадот Конкорд кој e најголемиот плоштад во Париз.
После завршување на прошетката групата оди на вечера во еден од многубројните ресторани и има слободно време за шопинг. После вечерата и прошетката враќање назад во хотелот. Ноќевање.
02 ДЕН (20.11.2026) ПАРИЗ (Крстарење по Сена, населба Montmartre, Notre Dame, Латински Кварт)
Појадок. После појадокот групата се упатува на едночасовно крстарење по Сена со Bateaux Parisiens, крстарењето завршува блиску Ајфеловата Кула.
Потоа се посетува населбата Montmartre каде што групата има слободно време за прошетка. Во оваа населба се наоѓаат Базилика Светото срце и плоштадчето Тертр каде што уметници ги изложуваат своите дела и цртаат портрети. Квартот е полн со ресторани, бистроа и кафулиња. Оттаму го посетуваме ѕидот „Је Т’aime“ – уметничка инсталација со стотици „Те сакам“ на сите светски јазици. Од населбата Montmartre се упатуваме и го посетуваме Moulin rouge од надвор.
Оттаму групата се упатува кон Notre Dame или Богородичната црква која е готска катедрала на источната половина на островот Сите на реката Сена во Париз, со главен влез од западната страна. Ова е катедралата на Париз и седиштето на архиепископот на градот. Богородичната црква се смета за најубавиот пример за француската готска архитектура.
Потоа групата има вечерна прошетка во Латинскиот Кварт каде што има слободно време за вечера. После вечерата враќање во хотелот и ноќевање.
03 ДЕН (21.11.2026) ПАРИЗ (Музеј Лувр или Дизниленд, Опера Гарние)
Појадок. После појадокот се посетува музејот Лувр или Дизниленд.
Музејот Лувр (Musée du Louvre) е најголемиот музеј во светот кој е сместен во Луврскиот дворец. Изграден е како утврдена палата за Филип Августус во центарот на Париз во оската на Елисејските Полиња. Средишниот двор, во кој се наоѓа Луврската пирамида изградена во 1989, служи како влез во музејот.
По посетата на музејот групата има фото пауза во Théâtre du palais royal Colonnes de Burene и јубилејната метро станица Palays Royal, направена од уметникот Othoniel за дочекот на новиот век во 2000-та година.
Оттаму се упатуваме кон Операта Гарние позната и како Палата Гарние (Opéra Garnier) – оперска куќа во Париз со 2.200 места. Тоа е една од најубавите згради во Париз, дизајнирана од архитектот Шарл Гарние во необарокен стил, завршена во 1875 година. Официјалното име на операта, кое е и со златни букви испишано на фасадата е „Национална академија на музиката – Театар на операта“.
После посетата на операта Гарние се упатуваме кон квартовите Printemps и Galeries Lafayette каде што на најгорниот спрат има прекрасен панорамски поглед на градот и каде може да се седне на кафе или ручек. Слободно време за прошетка или шопинг. Враќање во хотелот и ноќевање.
04 ДЕН (22.11.2026) ПАРИЗ – СКОПЈЕ
Појадок. После појадокот одјавување од собите. Во договорено време организиран трансфер до аеродромот во Париз со пристигнување три часа пред летот кој полетува во 14:55 часот и слетува во Скопје во 17:40 часот.
Вклучено
- Авио превоз Скопје – Париз – Скопје
- Аеродромски такси – подложни на промена
- Рачен багаж – ранче (40cmх30cmх20cm)
- Трансфери од аеродром до хотел и од хотел до аеродром
- 3 ноќевања во хотел на база ноќевање со појадок
- Пешачка тура во Париз
- Трошоци за организација на патувањето
Не е вклучено
- Транспортна картичка за јавен превоз – 23 € по лице
- Факултативни излети
- Градска туристичка такса
- Патничко осигурување
- Индивидуални трошоци на патниците








GOTHAM