1 ден (13.11.2026) МАКЕДОНИЈА – ПИРЕА
Состанок на групата и поаѓање во вечерните часови. Се патува преку граничен премин Меџитлија. По граничните формалности патувањето го продолжуваме према Атина, ноќно возење и попатни паузи.
2 ден (14.011.2026 ) ЦРКВА СВ. ЕФРЕМ – ЕГИНА – СВ МИНА – СВ. НЕКТАРИЈ ЕГИНСКИ
Утрото пристигнување во Црквата Св Ефрем во Неа Макри каде се чуваат неговите нетлени чудотворни мошти. Продолжуваме кон пристанишето Пиреа . Со брод продолжуваме кон островот Егина. По пристигнувањето најпрво се упатуваме на посета на Манастирот посветен на Св. Мина. Слободно време . Потоа се упатуваме кон Манастирот Св. Нектариј. Слободно индивидуално време за поклонение на светите мошти и разглед на Манастирот. Во договорено време се упатуваме кон местото Св. Марина и се сместуваме во хотел. Слободно време.
Ноќевање.
3 ден (15.11.2026 ) ЕГИНА – АТИНА – МАКЕДОНИЈА
Појадок. После појадокот се упатуваме кон градот и слободно време до поаѓање со брод кон Пиреа. Патувањето го продолжуваме кон Атина, панорамски разглед на плоштадите Омониа и Синтагма. Посета на познатата улица Монастираки, шетачка зона, преполна со бутици, кафетерии и ресторани. Потоа пред Парламентот ќе проследиме смена на Почесната стража. Во поладневните часови поаѓање за Македонија со попатни паузи. Пристигнување во доцните вечерни часови.
Крај на програмата.
ЦЕНА: 165 еур
Цената вклучува:
Превоз на дадената релација со автобус и брод
Посета на Црква Св. Ефрем, Манастирот Св. Нектариј, Манастирот Св. Мина
1 ноќевањесо појадок во хотел во Св. Марина
Попатна посета на Атина, и проштадите Омониа и Синтагма
Организација и водство на аранжманот
Цената не вклучува:
Патничко-здравствено осигурување
Неспоманти услуги
Напомена:
При посета на црквите, мастирите и верските објекти, согласно христијанските и црковните канони (начин на облекување и однесување во нив), од верниците се очекува придржување до нив. Во манастирите жените влегуваат со долго здолниште, а мажите со долги пантолони, а горната облека треба да е со ракави.




