Поминете викенд во прекрасната природна околина на Богутовачка Бања, сместена на падините на планината Троглав, на неполни 25 километри од Краљево. Позната по својата лековита минерална вода, чистиот планински воздух и долгогодишната бањска традиција, Богутовачка Бања е идеално место за одмор, релаксација и дружење. Добра атмосфера и незаборавно дружење со нас!
🚌 ПРЕВОЗ | 🍽️ ПОЛНПАНСИОН | | 🏊 БАЗЕН /ПАРНА БАЊА/ТИПИДАРИУМ| 🌿 ЛЕКОВИТА МИНЕРАЛНА ВОДА
ПРОГРАМА
ПРВ ДЕН – 05.12.2026 (САБОТА) БИТОЛА/СКОПЈЕ/БОГУТОВАЧКА БАЊА
Состанок на групата Битола во 02:30ч. Поаѓање во 03:00 ч. Со попатни зимања на патници Прилеп, Велес и Штип. Поаѓање Скопје во 05:00 ч со попатни паузи за одмор и гранични формалности. Патувањето се одвива преку Граничен премин Табановце. Пристигнување во Богутовачка Бања околу пладне, сместување по соби. Ручек. Слободно попладне за одмор, релаксација и користење на услугите од Велнес на хотелот. Вечера. Ноќевање.
ВТОР ДЕН – 06.12.2026 (НЕДЕЛА)-БОГУТОВАЧКА БАЊА-МАНАСТИР ЖИЧА
Појадок. Организирана посета на манастирот Жича. Манастирот со потекло од првата половина на 13от век, познат е по тоа што тука бил крунисан тогашниот прв крал на Србија, Стефан Немања, братот на Свети Сава. Враќање назад во хотелот. Ручек. Слободно време за индивидуални активности, релаксација и одмор, можност за користење на содржините на хотелот вклучени во цената. Вечера. Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН – 07.12.2026 (ПОНЕДЕЛНИК)-БОГУТОВАЧКА БАЊА-КРАЉЕВО
Појадок. По појадокот мoжност за факултативна посета на градот Краљево, градот со богата историја и култура. Разглед на градот (Трг српских ратника, господар Васин Конак, Аџиќа куќа, Музеј на градот Краљево, Соборна Црка Света Тројица, …) Слободно време за освежување и индивидуални активности. Во договорено време враќање во хотел. Ручек. Слободно попладне за одмор, релаксација и користење на услугите од Велнес на хотелот. Вечера. Ноќевање.
ЧЕТВРТИ ДЕН – 08.12.2026 (ВТОРНИК) – БОГУТОВАЧКА БАЊА-СКОПЈЕ/БИТОЛА
Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување.. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.
ПРОМОТИВНА ЦЕНА ДО 25.10.2026 – 185€
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 205 €
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
• Автобуски превоз на наведената релација
• Сместување во хотел Минерал 3*, 3 ноќевања (полн пансион-појадок, ручек и вечера)
• Сместување во двокреветни соби
• Посета на Манастирот Жича
• Туристички придружник за време на целото патување
• Организација на патувањето
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
• Факултативна посета на градот Краљево -10€ (доплата на лице место)
НАПОМЕНИ:
- Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99 години, детето плаќа 100% од цената.
- За single соба се доплаќа 45 евра
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници. Во случај на недоволен број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже патувањето 7 дена пред поаѓање согласно Општите услови за патување.
- За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума, а целосната доплата се врши најдоцна 14 дена пред поаѓањето.
- Патниците се должни за време на патувањето да ги почитуваат упатствата на туристичкиот придружник




KARADZA