Замислете место каде тиркизното море, камените средновековни градови и медитеранскиот шарм се спојуваат во едно незаборавно патување.
Малта е дестинација која во само неколку дена ви овозможува да видите сè – од историската Валета и мистичната Mdina, до прекрасниот остров Gozo, живописниот Marsaxlokk и спектакуларниот Blue Grotto.
Спакувајте го куферот и дозволете ѝ на Малта да ве освои!
Тргнување 23.10.2026 Враќање 26.10.2026 Сместување Хотел Превоз Авион
23.10.2026 | СКОПЈЕ – МАЛТА
Полетување од Скопје за Малта во 20:50 часот, состанок на групата на Скопскиот аеродром во 19 часот.
По пристигнувањето во Малта, следува организиран трансфер до хотел со 3*** во Слиема.
Сместување во хотел и ноќевање.
24.10.2026 | ГОЗО
Појадок.
Можност за факултативна целодневна посета на островот Гозо, вториот по големина остров во малтешкиот архипелаг.
Во рамките на екскурзијата се предвидени посети на:
🏛️ Victoria – главниот град на Гозо
🏰 Citadel – историската тврдина
⛪ Ta’ Pinu Basilica
Слободно време за прошетка, фотографии, кафе и ручек.
Враќање со фери во Слиема и ноќевање.
Факултативно Гозо: 55 €
25.10.2026 | MARSAXLOKK – BLUE GROTTO
Појадок.
Можност за факултативна посета на Marsaxlokk, едно од најпознатите рибарски гратчиња на Малта.
Бидејќи посетата е во недела, ќе имаме можност да го посетиме и познатиот неделен пазар.
Прошетка покрај пристаништето и можност за фотографии со традиционалните малтешки чамци Luzzu.
Продолжување кон Blue Grotto, една од најпознатите природни атракции на Малта.
По желба, во зависност од временските услови, можност за возење со чамец до пештерите.
Враќање во Слиема и слободно време.
Факултативно Marsaxlokk + Blue Grotto: 30 €
26.10.2026 | VALLETTA – MDINA – СКОПЈЕ
Појадок и одјавување од хотелот.
Можност за факултативно разгледување на Valletta, главниот град на Малта.
Прошетка низ историскиот центар и најпознатите знаменитости, меѓу кои:
📍 City Gate
📍 Republic Street
📍 St. George’s Square
📍 Upper Barrakka Gardens
Потоа продолжување кон Mdina – „Тивкиот град“, поранешната престолнина на Малта.
Прошетка низ средновековните улички и слободно време за кафе, ручек и фотографии.
По завршувањето на разгледувањето следува трансфер до аеродромот.
✈️ Полетување од Малта за Скопје во 23:10 часот.
Факултативно Valletta + Mdina: 45 €
Промо цена до 01.10 – 379 евра
Редовна цена – 399 евра
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
Авионски билет Скопје – Малта – Скопје
3 ноќевања во хотел со 3*** во Слиема
Појадок
Трансфер аеродром – хотел – аеродром
Организација на патувањето
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА
Чекиран багаж до 20 кг – цената ќе биде дополнително утврдена 2–3 дена пред патувањето.
Туристичка такса – 120 денари по лице/ден, се плаќа во агенција
Ручеци и вечери
Влезници за знаменитости и музеи, доколку патникот сака да ги посети.
Возење со чамец во Blue Grotto – доколку временските услови дозволуваат.
Лични трошоци и индивидуални услуги.
Патничко и здравствено осигурување е задолжително
Факултативните излети не се вклучени во основната цена.
ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ
ГОЗО – 55 €
Victoria • Citadel • Ta’ Pinu • Dwejra • Xlendi
MARSAXLOKK + BLUE GROTTO – 30 €
Неделен пазар • рибарско пристаниште • Luzzu • Blue Grotto
VALLETTA + MDINA – 45 €
Главниот град на Малта • историски центар • Mdina – „Тивкиот град“
НАПОМЕНА
🔸Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 15 дена пред поаѓање.
🔸Факултативните излети не се задолжителни и патникот може да избере на кои излети сака да учествува.
🔸 ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ СЕ ВРШИ ПРИ УПЛАТА НА АРАНЖМАНОТ.
🔸 За реализација на факултативните излети потребни се минимум 10 пријавени патници.
🔸 Програмата може да претрпи мали измени во зависност од временските услови, сообраќајот и организацијата на локалниот партнер, при што ќе се задржи предвидената содржина на патувањето.
🔸 Возењето со чамец во Blue Grotto зависи од временските и морските услови и не може да се гарантира.
🔸 Чекираниот багаж не е вклучен во основната цена и се доплаќа дополнително.
🔸 Патниците се должни да поседуваат важечки патен документ и да ги исполнуваат условите за патување.
🔸Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
🔸Доплата за еднокреветна соба 120е дополнително од цената на аранжманот.







