Select Page

23ТИ ОКТОМВРИ – ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА: СОЛУН & ПЕРЕА (3 ДЕНА / 2 НОЌЕВАЊА)

Совршен спој на релаксација на плажа, шопинг, богата историја и боемски вечери!

Термин: 23.10.2026 – 25.10.2026

Сместување: Хотел 3* во Переа – на самата песочна ривиера

Цена: 145EUR по лице

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:

1 ДЕН (23.10 Петок) | Струга / Охрид – Посета на Св. Димитрија (Солун) – Переа

  • Поаѓање: Во раните утрински часови.
  • Пристигнување во Солун и организирана посета на црквата Св. Димитрија (Заштитникот на градот Солун).
  • По посетата, продолжуваме кон Переа. Сместување во хотелот.
  • Слободно време за одмор, кафе покрај море, прошетка по крајбрежното шеталиште или уживање во традиционалните грчки таверни.
  • Вечер: Слободна вечера во Переа за уживање во морски специјалитети покрај самиот брег. Ноќевање.

2 ДЕН (24.10 Сабота) | Шопинг во Mediterranean Cosmos & Солун By Night

  • Појадок во хотелот.
  • Утринско заминување кон трговскиот центар Mediterranean Cosmos и Lidl – слободно време за шопинг, кафе и ручек.
  • Во пладневните часови враќање во хотелот во Переа. Слободно време за одмор, индивидуални прошетки покрај море или релаксација.
  • Солун By Night (Опционално): Вечерно заминување кон Солун за оние кои сакаат да го искусат ноќниот живот и познатиот боемски кварт Ladadika – време за прошетка, традиционална музика и вечера во грчките таверни. За оние кои сакаат помирна вечер, можност за останување и релаксација во Переа.
  • Враќање во хотелот во доцните вечерни часови. Ноќевање.

3 ДЕН (25.10 Недела) | Центар на Солун – Магичните водопади во Воден & Враќање

  • Појадок покрај море и одјавување од сместувањето.
  • Заминување кон центарот на Солун: Слободно време за прошетка низ срцето на градот – Белата Кула, Плоштадот Аристотелис, кеј-шеталиштето и неделно кафе покрај море.
  • По пладне, заминување кон Воден. Кратка пауза за кафе, фотографирање и уживање покрај познатите Воденски Водопади.
  • Поаѓање кон Македонија и пристигнување во Охрид/Струга во вечерните часови.

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

  • Автобуски превоз на дадената релација
  • 2 ноќевања со појадок во Хотел 3* во Переа
  • Посета на црквата Св. Димитрија во Солун
  • Организиран шопинг во Mediterranean Cosmos & Lidl
  • Вечерна програма во Солун (Солун By Night / Ladadika)
  • Посета на центарот на Солун и Воденските Водопади
  • Организација и комплетна реализација на патувањето

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Задолжително патничко осигурување
  • Туристичка такса (се плаќа на рецепција во хотелот)
  • Влезници и индивидуални трошоци

БРОЈОТ НА МЕСТА Е ОГРАНИЧЕН!

НАПОМЕНИ:
За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
Доколку не се исполни потребниот минимум, агенцијата има право да ја зголеми соодветно цената, и да ги извести патниците.
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки од страна на организаторот.
Агенцијата не одговара за исправноста на документите.

ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ