Вила Амона се наоѓа во Полихроно, на 30м оддалеченост од плажа, во центарот на Полихорно.
Двата апартмани на прв кат се опремени со:
- мини кујна со рамна плотна, мал фрижидер, опремена со прибор и садови за готвење,
- сопствен тоалет со туш кадичка
- клима (вклучена во цена) ТВ, интернет.
- тераса со сет за седење
Апартмани:
- бр.1 Едноспален апартман на прв кат, 1/3+2 апартман со спална со еден двоен кревет, во дневниот престој една аголна гарнитура на отварање и дополнително легло ранџо (максимум капацитет 3возр+2деца)
- бр.2 Двоспален апартман на прв кат, со две одвоени спални соби .Едната спална соба е опремена со двоен кревет и кревет со фиока на извлекување каде можат да се сместат 4 лица, другата спална соба е опремена со еден двоен кревет и кревет на спуштање, нуди можност за сместување на 4 лица Апартманот располага со 2 тераси, секоја спална има своја тераса. Кујна која се наоѓа измегу двете спални соби. Максимум капацитет за 4 возр + 4 деца или 6 возрасни + 2 деца,
Промо термини:
- Првите два и последните два термини се промотивни – не подлежат на попуст и се резервираат со 50% аконтација.
Важно да знаете:
- Понудата важи за ограничен број апартмани во претпродажба; може да биде повлечена без најава.
- Интернетот во објектот – без гаранција за брзина/квалитет.
- Цените се за наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
- Плаќање во денарска противвредност (1€ = 62 ден.).
- Туристичка такса: 2€ по соба/ден – се плаќа во објектот.
За патници со автобуски превоз:
- куфер до 23 кг + рачна торба до 6 кг
- доплата за дополнителен багаж: 20€ во автобус доколку има расположливо место
- секој куфер мора да има налепница од водичот
Линк – локација: 40.017706, 23.528355
Куќен ред
Пријавување по 15:00
Одјавување пред 11:00
Ве молиме почитувајте тивки часови по 23:00

Транспорт и услови
Информации за автобуски превоз и останати услови за патување.
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики -Скопје (Дрводекор) – 50еур по лице
-Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес – 65еур по лице
-Велес (бензинска пумпа Мотел Македонија) – 50еур по лице
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Халкидики:
-Битола -(Автобуска Станица Транскоп-на перон) – 45еур по лице
-Прилеп (БП Селида) Трансфер до Битола –45еур по лице
-Струга (Хотел Дрим) Трансфер до Битола –55еур по лице
-Охрид ( БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола – 55еур по лице
-Ресен (спроти автобуска станица) Трансфер до Битола – 55еур по лице
Време на поаѓање за ХАЛКИДИКИ (Четврток): ОД СКОПЈЕ-БИТОЛА- ХАЛКИДИКИ:
03:00 Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес
03:00 Скопје (Дрводекор)
03:45 Велес (Мотел Македонија)
04:30 Кавадарци (Дреново Бензиска Макптерол кај новиот Кружен ширина кај знакот Росоман)
05:00 Прилеп (БП Салида) Трансфер
05:30 Битола (Автобуска станица Транскоп – на перон)
03:45 Струга (Хотел Дрим) – Трансфер
04:00 Охрид (БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер
4:45 Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер
ПОАЃАЊЕ ОД ГРЦИЈА:
15:00 локално време (14:00 Мак. време)Калитеа
14:45 локално време (14:00 Мак. време) Полихроно
14:30 локално време (13:30 Мак. време ) Ханиоти
14:15 локално време (13:15 Мак. време) Пефкохори
Напомени
• Организаторот го задржува правото за промена на цената на автобускиот превоз во случај на донесување на законски мерки за дозволена исполнетост на автобусите со 50 или 70%, или промена на цената на горивото.
• Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција. • Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето.
• Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ • Loyalty card – попуст 7% и не се комбинира со попустот за рана резервација и промо цените.
• За уплата на два последователни термини одобруваме 10% попуст на вториот термин (овој попуст не е важечки за промо термините). • Попустите не може да се комбинираат.
• Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети).
• Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус.
• Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата).
• Важат Општите услови на СКТМ
ЈК ТРАВЕЛ