1.ден 30.07.2026 МАКЕДОНИЈА – ЦРНА ГОРА
Состанок на групата и поаѓање за Црна Гора преку граничен премин Ќафасан, царински формалности и попатни паузи.
2.ден 31.07.2026 БУДВА
Пристигнување во Црна Гора во утринските часови. Продолжување на патувањето кон Будва, пристигнување и сместување во апартманите. Слободно време за одмор, плажа, посета и прошетка во Стариот град…
Ноќевање.
3.ден 01.08.2026 ПЛАЖА ПЛОЧЕ – ПЛАЖА ЈАЗ
Планиран целодневен факултативен излет до плажа Јаз или плажа Плоче по избор на патниците. Плажата Јаз е помирна фамилијарна плажа. А плажа Плоче – убаво организирана плажа со дневна забава со DJ, забава за млади, пена Party…
Доцна попладне враќање во Будва.
Патниците кои нема да ја пратат факултативата имаат слободен ден во Будва.
Ноќевање.
4.ден 02.08.2026 БУДВА – ПОРТО МОНТЕНЕГРО – КОТОР
Во утринските часови можност за факултативно крстарење со помал брод од Будва преку Бечиќи, Рафајловиќи и Могрен до Св. Стефан, назад до островот Св. Никола со можност за капење и враќање во Будва ( оклу 1 час и 15 мин.).
Потоа ден предвиден за уживање во Будва, плажа, прошетка …
Доцна попладне превиден факултативен излет за посета на монденското летувалиште Порто Монтенегро, слободно време за прошетка, кафе, уживање… потоа во договорено врене се упатуваме кон Котор и Бока-которскиот залив, прошетка низ стариот град со ѕидините, Катедралата на Св. Трифун, Столбот на срамот, часовникот, Палатата Пима…
Враќање во Будва.
Ноќевање.
5.ден 03.08.2026 БУДВА – БАР – МАКЕДОНИЈА
Се одјавуваме од апартманите во договорено време и поаѓање кон Бар, можност за попатна посета на Св. Стефан за краток одмор и фотографирање. Продолжување кон Бар и посета на храмот посветен на Свети Јован Владимир, втора по големина православна црква во Црна Гора. Празникот на Храмот Св. Јован Владимир е 4 јуни, а на Духовден се вади светата реликвија – чесниот крст на кој е погубен Кнезот Јован Владимир. Потоа ќе имаме слободно време за плажа, прошетка, ручек.. .
Доцна попладне продолжување преку Албанија за Македонија. Пристигнување во доцните вечерни часови.
Крај на програмата.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 145 еур ( 8.990 ден.)
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :
сместување во Будва, 3 ноќевања во студија и апартмани во градот
Превоз на дадената релација
Организација и водство на групата
ЦЕНАТА не вклучува :
Туристичка такса 6 еур
Факултативен излет до плажите Јаз и Плоче – 5 еур
Факултативен излет до Котор( разглед со водич) , Бока –которскиот залив и Порто Монтенегро – 20 евра
Факултативно крстарење – – еур
НАПОМЕНИ:
За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
- Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата..
- Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки од страна на организаторот.



