Select Page

8ми Септември КРФ – МИНИ ОДМОР

1 ден: 04.09.2026 МАКЕДОНИЈА – ИГУМЕНИЦА – КРФ
Поаѓање во 23:00 часот. По граничните формалности, продолжување за Игуменица со попатни одмори. Ноќно патување.


2 ден: 05.09.2026 ИГУМЕНИЦА – КРФ
Пристигнување Игуменица во раните утринските часови. Пловидба со брод до островот Крф. Планирано пристигнување во предпладневните часови. Сместување во студија и апартмани. Слободно време за плажа, капење и индивидуални активности. Во попладневните сати се предвидува факултативна посета на брдото Канони со прекрасен поглед кон Црквата на Богородица Влахерна од каде каде што можеме да го следиме полетувањето и слетувањето на авионите. Можност за уживање во кафе, храна, слатки…После тоа сe враќаме во апартманите. Ноќевање


3 ден: 06.09.2026 КРФ -ПЛАЖА ГАРДЕНОС – КАНОНИ – ГРАДОТ КРФ
Слободно време за плажа и индивидуални активности или факултативна посета на преубавата песочна плажа Гарденос. Во договорено време се враќаме во апартманите. Во попладневните часови предвидена факултативна посета на брдото Канони со прекрасен поглед кон Црквата на Богородица Влахерна од каде каде што можеме да го следиме полетувањето и слетувањето на авионите. Можност за уживање во кафе, храна, слатки…Потоа се упатуваме кон градот Крф каде што ќе ја посетиме Црквата посветена на Св. Спиридон заштитникот на островот, прошетка низ тесните улички преполни со кафетерии, сувенирници, бутици… Во договореното време се враќаме во апартманите.
Патниците кои нема да ја пратат факултативата имаат слободно време за индивидуални активности.
Ноќевање


4 ден: 07.09.2026 ПАЛЕОКАСТРИЦА – ГЛИФАДА
Планиран факултативен излет до Палеокастрица, живописно место со преубава плажа на северниот дел од островот. Слободно време за одмор на плажа, возење со брод до блиските пештери како едно ново прекрасно искуство или да ручате во некое од прекрасните рибни ресторанчиња покрај море или да се посети Црквата посветена на Пресвета Богородица.
Во доцните попладневни часови враќање во апартманите
Патниците кои нема да ја пратат факултативата имаат слободно време за индивидуални активности.
Ноќевање


5 ден: 08.09.2026 КРФ – МАКЕДОНИЈА
Се одјавуваме од апартманите и во претпладневните часови и остануваме во Мораитика до после пладне. Во договорено време се упатуваме кон пристаништето и поѓање со брод за Игуменица,а потоа продолжување со автобус за Македонија, со попатни одмори. Враќање во Македонија во доцните вечерни часови.


Цената вклучува:

Превоз со туристички автобус по наведената програма

Превоз со брод на релација: Игуменица – Крф – Игуменица

3 ноќевања во студија и апартмани

Организација, подготовка и водство на аранжманот

Цената не вклучува:
-Туристичка такса – 6 еур

Целодневна екскурзија Палеокастрица и градот Крф – 10еур
-Посета на главниот град Крф и Брдото Канони – 10 еур –

Плажата Гарденос – 5 еур

Доплата за еднокреветна соба – 40 еур

НАПОМЕНИ:

Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки од страна на организаторот.
За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.

Ако бројот на патници е помал од предвидениот, патниците ќе бидат известени за промена на типот на превозното средство или евентуално промена на цената.

Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.