Термини:

Термин: 30.07.2026 – 03.08.2026 – ПРАЗНИЧЕН
✨ПРОМО ЦЕНА : 145еур – 3 ноќевања во студија и апартмани во центарот на Будва
Термин: 09.08. – 14.08.2026
ПРОМО ЦЕНА : 219 еур – 4 ноќевања со појадок во хотел 3*
Термин: 20.08. – 25.08.2026
ПРОМО ЦЕНА : 219 еур – 4 ноќевања со појадок во хотел 3*
ПРОГРАМА
1.ден МАКЕДОНИЈА – ЦРНА ГОРА
Состанок на групата во договорено време(доцна навечер) и поаѓање за Црна Гора преку граничен премин Ќафасан, царински формалности и попатни паузи.
2.ден БУДВА
Пристигнување во Црна Гора во утринските часови. Се упатуваме кон Острошки Манастир посветен на Св. Василиј Острошки. Качување до Манастирот. Слободно време за поклоненине на моштите на светецот, како и за разглед на Манастирот. Во договорено време го напуштаме Манастирот.
Продолжување на патувањето кон Будва, пристигнување и сместување во хотел 3*. Слободно време за одмор, плажа, посета и прошетка во Стариот град…
Ноќевање.
3.ден ПЛАЖА ПЛОЧЕ – ПЛАЖА ЈАЗ
Појадок. Планиран целодневен факултативен излет до плажа Јаз или плажа Плоче по избор на патниците. Плажата Јаз е помирна фамилијарна плажа. А плажа Плоче – убаво организирана плажа со дневна забава со DJ, забава за млади, пена Party…
Доцна попладне враќање во Будва.
Патниците кои нема да ја пратат факултативата имаат слободен ден во Будва.
Ноќевање.
4.ден БУДВА – КОТОР
Појадок. Во утринските часови можност за факултативно крстарење со помал брод од Будва преку Бечиќи, Рафајловиќи и Могрен до Св. Стефан, назад до островот Св. Никола со можност за капење и враќање во Будва ( оклу 1 час и 15 мин.).
Потоа слободен ден во Будва за одмор, плажа…
Во вечерните часови планирана факултативна посета на преубавиот Котор, прошетка со локален водич и запознавање на историјата низ стариот град со ѕидините, Катедралата на Св. Трифун, Столбот на срамот, часовникот, Палатата Пима… Слободно време .
Враќање во Будва.
Ноќевање.
5.ден БРЕГОТ НА ЛУШТИЦА – ПОРТО МОНТЕНЕГРО
Појадок. По појадокот планирана факултативна екскурзија за ден на плажа до полуостровот Луштица и некоја од неговите преубави плажи: Росе, Плави Хоризонти и сл.
Доцна попладне се упатуваме кон Тиват и луксузното летувалиште Порто Монтенегро за прекрсни фотографии, кафе покрај море…
Враќање во Будва.
Патниците кои нема да ја пратат факултативата имаат слободен ден во Будва.
Ноќевање.
6.ден БУДВА – МАКЕДОНИЈА
Појадок. По појадокот одјавување од хотел. Потоа продолжуваме кон Бар и можност за посета на храмот посветен на Свети Јован Владимир, втора по големина православна црква во Црна Гора. Празникот на Храмот Св. Јован Владимир е 4 јуни, а на Духовден се вади светата реликвија – чесниот крст на кој е погубен Кнезот Јован Владимир.
Во договорено време заминување преку Албанија за Македонија. Пристигнување во доцните вечерни часови.
Крај на програмата.
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :
сместување во Будва, 4 ноќевања со појадок во Хотел 3*
Превоз на дадената релација
Посета на Острошки Манастир
Посета на Бар и Храмот Св. Јован Владимир
Организација и водство на групата
ЦЕНАТА не вклучува :
Туристичка такса 6 еур
Превоз од -до Острошки Манастир и такса – 3 еур
Факултативно крстарење со брод – – еур
Факултативен излет до плажите Јаз и Плоче – 5 еур
Факултативен излет до Луштица и Порто Монтенегро – 15 еур
Факултативен излет до Котор и разглед со локален водич – 15 евра
НАПОМЕНИ:
За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
- Ако бројот на патници е помал од предвидениот, патниците ќе бидат известени за промена на типот на превозното средство или евентуално промена на цената.
- Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
- Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки од страна на организаторот.






