Select Page

☀️ МИНИ ОДМОР ВО ПЕРЕА – ТРЕНДИ ЛЕТО 2026 ☀️

Совршен спој на релаксација на плажа, шопинг и боемски вечери!

  • Термин: 13.07 – 16.07.2026 (4 дена / 3 ноќевања)
  • Сместување: Хотел во Переа – на самата песочна ривиера
  • Цена: 149 EUR по лице

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:

1 ДЕН (13.07) | Св. Димитрија – Переа – Плажа

Пристигнување во Солун во претпладневните часови. Патувањето го започнуваме со посета на прекрасната и грандиозна црква Св. Димитрија, заштитникот на градот. По разгледот, се упатуваме кон Переа. Сместување во хотелот и слободно попладне за првото капење на плажа и уживање во морето. Вечерта е идеална за прошетка по долгата крајбрежна ривиера на Переа, позната по одличните таверни и кафулиња. Ноќевање.

2 ДЕН (14.07) | Плажа – Романтично зајдисонце во Солун & Боемска Лададика

Појадок. Слободен ден за целосно уживање на плажа, сонце и кафе покрај море во Переа. Попладне, заминуваме за Солун на паноранско уживање во едно од најубавите зајдисонца на Медитеранот покрај Белата Кула, слободно време за прошетка и вечера во срцето на солунскиот ноќен живот – познатиот боемски кварт Ladadika, место исполнето со традиционална музика, вино и неповторлива грчка атмосфера. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ДЕН (15.07) | Комплетен слободен ден за плажа и релаксирање во Переа

Појадок. Ден за максимален одмор! Цел ден на располагање за уживање на песочните плажи во Переа, сончање и релаксација. Вечерта е повторно слободна за индивидуални активности во Переа – совршена за мирна вечера со морски плодови во некоја од локалните таверни покрај самиот шум на брановите. Ноќевање.

4 ДЕН (16.07) | Шопинг (Cosmos & Lidl) – Магичните водопади во Воден & Враќање

Појадок. Одјавување од хотелот. Нашето патување продолжува кон познатиот шопинг мол Cosmos и шопинг во Lidl. По завршувањето на шопингот, патот нè води преку преубавиот град Воден (Edessa). Таму правиме пауза за посета на фасцинантните ладни и бучни Воденски Водопади – прекрасен природен парк идеален за фотографии и уште едно кафе во природа пред заминување за Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз
  • 3 ноќевања со појадок во Хотел во Переа 3*
  • Посета на црквата Св. Димитрија во Солун
  • Солун By Night
  • Посета на Воденските Водопади
  • Организација и реализација на патувањето

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Патничко осигурување
  • Туристичка такса (се плаќа на рецепција)
  • Влезници, вечери и лични трошоци

БРОЈОТ НА МЕСТА Е ОГРАНИЧЕН!