1 ноќевање / 2 дена
1 ДЕН (01.05) | Струга – Охрид – Солун – Переа
Состанок на групата во раните утрински часови и заминување кон Грција.
Духовност и Историја: Пристигнување во Солун. Посета на црквата „Св. Димитрија“, заштитникот на градот, каде ќе имате можност да се запознаете со историјата и христијанските вредности на овој храм.
Продолжуваме кон Переа – туристичкото место со најдобрите плажи во непосредна близина на Солун. Сместување во хотел. Слободно време за прошетка по познатото шеталиште на Переа, уживање во мирисот на морето и првите сончеви зраци на плажа.
Солунски Ноќен Живот: Во договорено време, заминуваме кон центарот на Солун. Искусете ја магијата на градот во вечерните часови – од преполните кафулиња на „Никис“ до историските сокаци на Лададика.
Враќање во хотел и ноќевање.
2 ДЕН (02.05) | Переа – Солун – Македонија
Појадок: Појадок во хотелот и одјавување.
Шопинг Време: Продолжуваме кон најпознатите шопинг дестинации во регионот – Mediterranean Cosmos и IKEA. Слободно време за шопинг, утринско кафе во многубројните ресторани.
Заминување кон строгиот центар на градот. Слободно време за индивидуални активности: Прошетка по плоштадот Аристотелос; Шопинг по познатата улица „Цимиски“; Можност за панорамско крстарење со брод низ Солунскиот залив – идеален начин да го видите градот од поинаква перспектива додека пиете кафе; Посета на Белата Кула или пазарот Модијано.
Поаѓање од Солун и попатна посета на супермаркетот LIDL за набавка на познатите грчки производи и деликатеси.
Продолжуваме кон живописниот град Воден (Едеса). Посета на фасцинантните водопади, каде ќе уживате во моќта на природата, зеленилото и прекрасниот парк кој нуди идеална можност за фотографии и попладневно кафе во автентичен амбиент.
Во договорено време заминување кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.
ЦЕНА 79ЕУР
Цената вклучува:
- Превоз со автобус на дадена релација;
- 1 ноќевање со појадок во хотел во Переа;
- Посета на црквата „Св. Димитрија“;
- Посета на Cosmos и IKEA;
- Организирана посета на Воден и водопадите;
- Солун „BY NIGHT“ ;
- Организација и придружник на патувањето.
Опционални активности (не е вклучено во цената):
- Влезници за музеи и локалитети;
- Туристичка такса;
- Крстарење со брод во Солун;
- Индивидуални трошоци и оброци кои не се наведени во програмата.
НАПОМЕНИ:
- За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
- Доколку не се исполни потребниот минимум, агенцијата има право да ја зголеми соодветно цената, и да ги извести патниците.
- Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
- Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки од страна на организаторот.
- Агенцијата не одговара за исправноста на документите.






