Select Page

СОЛУН – ПАРАЛИЈА – ТЕМПИ – МЕТЕОРИ (Превоз од Охрид)

1 ден 07.03.2026 ( сабота) МАКЕДОНИЈА – СОЛУН – ПАРАЛИЈА
Поаѓање во договорено време во раните утрински часови. Граничен премин Меџитлија, гранични и царински формалности. Попатна пауза за кафе. Пристигнување во Солун . Слободно индивидуално време за прошетка по најубавата авенија покрај море Никис, плоштадот Аристотелис, да вкусите автентична грчка храна и кафе, да одите на крстарење со брод по Солунското крајбрежје или посета на Белата Кула…
Во договорено време групата се собира и се упатуваме кон Паралија. Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Вечерта факултативно организирана заедничка 8мо мартовска вечера.
Ноќевање.
2 ден 08.03.2026 ( недела ) КЛИСУРА ТЕМПИ – ЦРКВА СВ. ПЕТКА – МЕТЕОРИ – МАКЕДОНИЈА
Појадок. После појадокот се одјавуваме од хотелот и се упатуваме кон најживописната клисура Темпи, со непроценлива митска вредност, а нејзините води ги користеле богињите за да ја зачуваат својата нечепната младост. Потоа ќе ја посетиме Цртвата Св. Петка и нејзиниот чудотворен лековит извор за болести на очи. Во договорено време се упатуваме кон градот Каламбака. Пауза за ручек. Потоа се упатуваме кон единствените Манастири Метеори и ќе го посетиме женскиот Манастир Св. Стефан. Во договорено време поаѓаме кон Македонија.
Пристигнуваме во доцните вечерни часови.


Цената: 90 еур по лице ( 5,600 ден. )


Цената вклучува:

  • Превоз со автобус на дадената релација
  • 1 ноќевање со појадок во хотел во Паралија
  • Посета на Солун, посета на Клисура Темпи, Црква Св. Петка , Каламбака и Метеори
  • Организација на аранжманот
  • Лиценциран пратител за време на патувањето
    Цената не вклучува:
  • Туристичка такса – се плаќа на лице место
  • Факултативна заедничка вечера
  • Патничко – здравствено осигурување
    НАПОМЕНА
    Калкулацијата е правена на минимум 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
  • За изведување на аранжманот е потребен потенцираниот минимум патници. Во спротивно организаторот има право да ја зголеми цената, или во краен случај да откажи.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
  • Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки од страна на организаторот.

BETI TERI