Select Page

ЈАНИНА

8 – ми МАРТ ЈАНИНА – МЕТЦОВО


1ден 07.03.2026 МАКЕДОНИЈА – ЈАНИНА
Поаѓање во договорено време во раните утринските часови. После граничните формалности се упатуваме кон градот Јанина. Најпрво ќе го посетиме единствениот музеј на восочни фигури – Павлос Врелис, во кој на автентичен начин е прикажана грчката историја. После разгледот во договорено време заминуваме кон Јанина. Сместување во хотел. Во договорено време собир на групата и со бротче се упатуваме кон островчето НИСИ кое што се наоѓа во езерото Памвотис. Ќе се вкусат производи кои што се подготвуваат на островчето, а исто така факултативно ќе се посети и разгледа куќата – музеј каде што живеел Али Паша Јанински. Слободно време за индивидуален разглед и после тоа во одредено време се враќаме во Јанина. Вечерта слободно индивидуално време.
Ноќевање

2 ден 08.03.2026 ЈАНИНА – МЕТЦОВО – МАКЕДОНИЈА
Појадок. После појадокот се одјавуваме од хотелот и се упатуваме кон пештерата ПЕРАМА – патување низ формите и приказните на сталактитите и сталагмитите кои можи само еволуцијата на природата да ги создаде. Факултативен разглед, карта се купува на лице место. После тоа се враќаме во Јанина, слободно време за ручек, шопинг, разглед. Во попладневните сати се упатуваме кон живописното етно село МЕТЦОВО. Разглед и уживање во убавините на МЕТЦОВО. Со попатни паузи се враќаме во Македонија. Пристигнување во вечерните часови.
Крај на програмата

Цената вклучува:

Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки од страна на организаторот.

патување со високо туристички автобус

едно ноќевање со појадок во хотел 3* во Јанина

посета и разглед на МЕТЦОВО

организација и водство на аранжманот
Во цената не е вклучено:

влезници на лице место за: Музеј Павлос Врелис, Пештера Перама

бротчето до островчето Ниси – 5 еур

туристичка такса која се плака на рецепција во хотелот
НАПОМЕНА
Калкулацијата е правена на минимум 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.

За изведување на аранжманот е потребен потенцираниот минимум патници. Во спротивно организаторот има право да ја зголеми цената, или во краен случај да откажи.

Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

КАРАЏА