Select Page

ВИШЕГРАД – САРАЕВО – МОСТАР -КОЊИЦ – ЈАЈЦЕ – ТРАВНИК – ТРЕБИЊЕ 23ти Октомври

 1 ден 22.10.2025 Состанок на групата во 19:00 часот и заминување за Мостар преку Албанија, ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.


2 Ден 23.10.2025 Пристигнување во Почитељ во раните утрински часови. Почитељ е населба и историско село во Босна и Херцеговина, градот Чапљина. Нејзиното оградено јадро е заштитен национален споменик на Босна и Херцеговина и музеј на отворено. Потоа заминување за Требиње и разглед на Стариот град Требиње.  Околу пладне поаѓање за Мостар.  Пристигнување во Мостар во пладневните часови . Сместување во хотел. Разглед на Стариот дел на градот со локален водич и слободно време . Вечерта време за слободни активности . Ноќевање.


Ден 24.10.2025 Доручек. По доручекот одјавување од хотелот.  Слободно време во Мостар околу 2 часа и поаѓање за Сараево . Попатна посета на Јабланица и Мостот на Неретва – кратко застанување и околу 12 00 часот пристигнување во Коњиц. Посета на Титовиот Бункер. По посетата заминување за Сараево.  Сместување во хотел. По времето за одмор средба со локален водич и панорамски разглед на Сараево и пешачка тура. Слободно време. Враќање во хотелот по договор . Ноќевање.
 


Ден 25.10.2025 Доручек. По доручекот ФАКУЛТАТИВЕН ЦЕЛОДНЕВЕН ИЗЛЕТ до ТРАВНИК И ЈАЈЦЕ. Травник — град и општина во Босна и Херцеговина, 90 километри западно од Сараево. Травник е главен град на Среднобосански кантон, и се наоѓа во Општина Травник.  Својата култура градот ја засновува врз основа на времето кога градот бил седиште на локалната самоуправа во Отоманското Царство. Бројни џамии и цркви постојат во регионот, како и гробници на важни историски личности и кои претставуваат одлични примери на Отоманската архитектура. Музејот на градот, изграден во 1950 година, е еден од повеќето импресивни културни институции во регионот. Травник станал познат од страна на важни личности кои се родени или живееле во градот. Најважните од нив се Иво Андриќ (писател, добитник на Нобеловата награда за литература во 1961 година), Мирослав Чиро Блажевиќ (фудбалски тренер), Јосип Пејаковиќ (актер), Сеид Мемиќ (поп-пејач) и Давор Џалто (уметник и историчар на уметноста). Потоа се упатуваме кон Јајце -мал град во Босна и Херцеговина, централен не само географски туку и културолошки. Низ долгата историја на Босна, Јајце бил дом на средновековните кралеви, отомански гувернери и низа различни етнички групи, како и едно од најраните комунистички упоришта на претседателот Тито. Jaјце е и единствениот град кој има водоопад во центарот. Враќање во Сараево. Ноќевање.


Ден 26.10.2024 Доручек . По доручекот заминување за Баш чаршија. Слободно време околу 2 часа и заминување за Вишеград. Пристигнување во Вишеград во пладневните часови. Можност за факултативно крстарење по Дрина-  од мостот на Дрина до Камен град. По посетата на Вишеград и Андриќ град заминување за Македонија.

6 Ден 27.10.2025 Пристигнување во Македонија во раните утрински часови …



 
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

Превоз на дадената релација – ПРЕВОЗ ОД ОХРИД
3 ноќевања со доручек во хотели со  3 или  4 ****
Организација и водство на групата
Лиценциран придружник за време на целото патување
Локален водич Мостар и Сараево



 
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

–  Туристичка такса 9  евра за 3 дена 
–  Влезници за Титовиот бункер 20 евра
–  Факултативна посета на Травник и Јајце ( превоз + локален водич + влезници ) = 65 евра
–  Крстарење по Дрина 10 евра
– Влезница за Босански Пирамиди 10 евра

  • Трансфер за враќање до Охрид – 10еур

НАПОМЕНА
–  За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. За реализација на факултативите потребен е минимум број од 20 пријавени.
– Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата доколку предвиди дека е потребно.
–  Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош.
– Доплата за еднокреветна соба 70 евра
– За деца 02-12 год. со две ворасни лица 20 % попуст
–  Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
–  Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
–  Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот).
– Патниците самите имаат одговорност за личните и патните документи и нивната важност.