Select Page

ЕВИА – 11ти Октомври

ЕВИА е втор остров по големина во Грција после Крит. Изобилува со убави плажи и чисто море. Живописните села, манастирите, песочните плажи и баровите се некои од бескрајните избори кои им се понудени на посетителите. Мноштвото места кои заслужуваат ваше внимание и евентуална посета: плажата Аликес во селото Друзија , па плажата Елиники со прекрасното островче на кое се наоѓа црквата Св.Никола, па плажата Василики со крупен песок и чисто море, па вулканските острови Лихадес кои се насочуваат на југо-запад од Евиа до колонијата на делфините и фоките кои тука го пронашле својот природен мир… и многу, многу други места налик на нив. Освен заштитникот на островото Св.Давид Евиски, посебно место завзема и манастирот кој ги чува моштите на Св.Јован Рус, за кој се верува дека е чудотворц, и чиjа рака се чува во манастирот Св. Пантелејмон на Света Гора.

1 ден 09.10.2025 МАКЕДОНИЈА – ЕВИА – ЕДИПСОС

Поаѓање во раните утрински часови за ЕВИА преку граничниот премин Меџитлија. После граничните формалности го продолжуваме патувањето со попатни паузи. Пристигнување во Глифа – траект до Агиоскампос. Пристигнување во Едипсос – во пладневните часови, сместување во хотел. Слободно време да се искористат термалните извори и плажа, и навечер да се ужива во прошетките и вкусната храна порај море…

Едипсос еден од најпопуларните и космополитски бањски градови во Грција, мирен град за прекрасен одмор и опуштање. Корисните својства на термалните извори комбинирани со кристално чистите води на Егејскиот Залив, бујното зеленило, прекрасното зајдисонце и гостопримливио дух на жителите го прават Едипсос идеална туристичка дестинација.

Ноќевање.

2 ден 10.10.25 МАНАСТИРИ СВ. ДАВИД И СВ. ЈОВАН РУСКИ – ЛИМНИ – ЕДИПСОС

Појадок. После појадокот предвидена факултативна посета на манастирите Св. Давид и Св. Јован Руски – незаменливо искуство кое нема да ве остави равнодушни. Душевниот мир и спокојство кое го чувствувате после посета на светите лица не може да се опиши со зборови.

Потоа продолжуваме кон грдчето Лимни, со тесни улички богати со историја и убава природа, прекрасни ресторанчиња покрај море. Пауза за кафе или ручек.

Попладне се враќаме во Едипсос, и имате можност за користење на отворените бањи.

Ноќевање

3 ден 11.10.25 ЕДИПСОС

Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки, користење на бањите и плажите

Ноќевање

4 ден 12.10.25 ЕДИПСОС – МАКЕДОНИЈА

Појадок. После појадокот се одјавуваме од хотелот. Во одредено време поаѓаме према траектот и продолжуваме за МК

Пристигнување во доцните вечерни часови.

Цената вклучува:

– Патување со туристички автобус

– 3 ноќевања со појадок во хотел 3*

– бродска карта во двата правци

– туристички пратител за цело време на патувањето

Цената не вклучува:

– туристичка такса – се плаќа на лице место на рецепција

– факултативна посета на Манастирите и Лимни – 20 еур

ЗАБЕЛЕШКА: За време на престојот на островот, по желба на патниците можи да се организираат екскурзии со локалните агенции до сите понудени интересни места, или тоа може да го направите и индивидуално, или едноставно да уживате во плажите и градот.

-Трансфер од Охрид Струга 10еур

НАПОМЕНИ:

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.

– Ако бројот на патници е помал од предвидениот, патниците ќе бидат известени за промена на типот на превозното средство или евентуално промена на цената.

– Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата, промена на редоследот на факултативните излети без да се промени суштински патувањето.

– Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки од страна на организаторот.