1 ден 21.05.2025 МАКЕДОНИЈА – ТУРЦИЈА
Поаѓање во 18 часот . Ноќно возење преку Грција, гранични формалности и попатни паузи…
2 ден 22.05.2025 ИСТАНБУЛ
Пристигнување во Истанбул во претпладневните часови. Се упатуваме кон видиковецот Пјер Лоти каде пристигнуваме со жичара. Тука го има највкусното кафе припремено на жар со прекрасен поглед кон Златниот рог – почетокот и крајот на Босфорот , ѓозлеме, традиционални турски чајџилници, лимонада … Слободно време. Потоа продолжуваме со посета на областа Балат – населбата Чуќур или Јама каде се снимаат најпознатите турски серии, позната по своите шарени куќи и тесни улички, со прекрсни стилски мали кафетерии.
Потоа одиме кон хотелот да го оставиме багажот и ако се спремни собите да се сместиме (регуларно check in е после 14 часот) . После мала пауза за одмор, со локален водич се упатуваме пешачка тура: Капачи чаршија, Хиподром, Св. Софија и Плава џамија
Враќање во хотел.
Ноќевање.
3 ден 23.05.2025 ИСТАНБУЛ – ПРИНЦЕВИ ОСТРОВИ – КАДИКОЈ
Појадок. По појадокот се упатуваме на излет со брод по Мраморното Море до Принцевите Острови, прекрасно доживување на местото каде живеат и одмараат богатите жители на Истанбул. Најголемиот остров Бујук Ада изобилува со зеленило, еколошки остров без моторни возила, има прекрасни плажи и прекрасни стари куќи од Отоманскиот период. Низ островот движењето е со еко автобуси. Изобилува со прекрасни кафетерии, слаткарници и ресторани… Слободно време. Се враќаме во Истанбул во договореното време и продолжуваме кон Азискиот дел каде ќе ја посетиме најстарата населена област Кадикој – позната по малите тесни улички полни со продавници, ресторани, кафетерии. Ќе го видиме и Бикот кој што е симбол на оваа област, бил изработен во Англија и донесен и поставен во 1860 година во чест на 31-виот Султан Абдул Меџит кој што ја изградил Палатата Долма Бахче. Слободно време за индивидуален разглед.
Враќање во хотел во договорено време.
Ноќевање.
4 ден 24.05.2025 КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР – ОТАКТЕПЕ – АНАДАЛУХИСАР – УСКУДАР
Појадок. По појадокот се упатуваме на незаборавно Крстарење по Босфор – да доживееме еден поинаков Истанбул со целиот негов раскош виден од вода…. Потоа продолжуваме кон Националниот парк Отактепе од каде имаме прекрасен поглед кон вториот мост на Босфорот. Ќе имате можност да уживате по ботаничката градина со повеќе од 15.300 видови на дрва и растенија, езерца и мостови и многу зеленило. Слободно време… Потоа ќе ја посетиме Анадолухисар тврдината, изградена од отоманскиот султан Бејазит I, една од најстарите зачувани тврдини од отоманската архитектура историски позната под името Güzelce Hisar ( Убавата Тврдина)…
Потоа се упатуваме кон областа Ускудар од каде има можност да се види Моминската кула и да направиме прекрасни фотографии. Слободно време да уживаме во кафе или храна покрај море.
Во вечерните часови се враќаме во хотелот.
Ноќевање.
5 ден 25.05.2025 ИСТАНБУЛ – МАКЕДОНИЈА
Појадок. По појадокот се одјавуваме и се упатуваме кон позната продавница за турски слатки специјалитети: баклави, локуми, овошни и чоколадни бонбони, сувенири, чаеви, разни креми за разубавување и креми за болки по поволни цени.
Потоа се упатуваме кон познатиот Трговски Центар ФОРУМ ИСТАНБУЛ. Во непосредна близина се и продавниците Декатлон и Икеа. Попладне се упатуваме кон Македонија. Денско и ноќно возење со попатни паузи.
Пристигнување во Македонија рано наутро следниот ден.
ПРОМО ЦЕНА: 129 еур (со уплата на вкупна факултатива)
РЕДОВНА ЦЕНА: 159 еур
Во цената е вклучено:
– Превоз со туристички автобус на дадената релација
– Сместување во хотел во Лалели, 3 ноќевања со појадок
– Локален туристички водич за време на сите разгледи
– Туристички пратител за време на патувањето
– Организација и водство на аранжманот
Во цената не е вклучено:
– Туристичка такса – 5 еур
– Задолжителна факултатива – Пјер Лоти, Балат, Патријаршија и пешачка тура( првиот ден) – 25 еур
– Принцеви острови – 30 еур
– Кадикој – 10 еур
– Крстарење по Босфор, Национален парк Отактепе, Ускудар – 30 еур
– Влезница за Анадолухисар – се купува на лице место
– Бродче до Моминската кула – карта се купува на лице место
– Патничко-здравствено осигурување
– Доплата за повратен трансфер од Струга, Охрид и Ресен – 5 еур
Вкупна факултатива: 80 еур
НАПОМЕНИ:
-Калкулацијата е правена на минимум 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
– Излетите може да претрпат промена во редоследот на деновите во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже.
– Доплата за еднокреветна соба 50 еур.
– Агенцијата не одговара за исправноста на документите на патниците
– Важност на патните исправи најмалку уште 6 месеци од денот на враќање





