Select Page

ИСТАНБУЛ  31 – ви МАРТ- 3 НОЌИ (Превоз од Охрид)

1 ден 27.03.2025 МАКЕДОНИЈА – ТУРЦИЈА
Поаѓање во 17 часот . Ноќно возење преку Грција , гранични формалности и попатни паузи…

2 ден – 28.03.2025 ИСТАНБУЛ – БАЛАТ И ПАТРИЈАРШИЈА – КАПАЛИ ЧАРШИЈА – ХИПОДРОМ – СВ. СОФИЈА – СИНА ЏАМИЈА – ТАКСИМ
Планирано е пристигнување во Истанбул во претпладневните часови.Започнуваме со разглед на Истанбул: со локален водич започнуваме со посета на областа Балат, позната по своите шарени куќи и тесни улички, со прекрсни стилски мали кафетерии. Тука се наоѓа и Вселенската Патријаршија, значаен симбол на христијанството и Железната Црква, која е донација и изградена од македонски мајстори. Потоа одиме кон хотелот да го оставиме багажот и ако се спремни собите да се сместиме (регуларно check in е после 14 часот) . По кратка пауза, со локалниот водич продолжуваме кон најпознатиот затворен пазар Капали Чаршија. Слободно време за индивидуален разглед. Продолжуваме на посета на Хиподромот, Света Софија ( само однадвор) и Сината Џамија. Слободно време за кафе, вечера, разглед… Во договорено време се упатуваме кон плоштадот Таксим, прошетка по познатата улица Истиклал која е долга 2 км, од двете страни со продавници на познати марки, слаткарници, ресторани, кафетерии… Во вечерните часови се враќаме во хотелот.
Ноќевање.

3 ден 29.03.2025 СУЛЕЈМАНИЕ – ЕГИПЕТСКИ ПАЗАР – КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР – ПЈЕР ЛОТИ – ОРТАКОЈ
Појадок. По појадокот се упатуваме кон познатата џамија Сулејмание- изградена во чест на Султан Сулејман, каде се наоѓаат и тубињата ( гробниците) на Султанот и Хурем Султан. Од видиковецот се простира прекрасен поглед на Истанбул. Потоа продолжуваме кон познатиот Египетски пазар – Мисир чаршија, за да може да ги видите и вкусите сите бои и мириси на истокот и западот. Можност за шопинг, да се испие најубавото турско кафе или да се ужива во познати турски специјалитети: ќунефе , катмар, турски чај или да пробате од познатиот превкусен ˮ Турски МекДоналдсˮ сендвич со свежа печена риба во лепче…Продолжуваме на незаборавно Крстарење по Босфор – да доживееме еден поинаков Истанбул со целиот негов раскош виден од вода. Потоа продолжуваме кон видиковецот Пјер Лоти каде ќе ја слушните љубовната приказна за една неостварена љубов. Пристигнуваме со жичара. Тука го има највкусното кафе припремено на жар со прекрасен поглед кон Златниот рог – Халич – почетокот и крајот на Босфорот , ѓозлеме, традиционални турски чајџилници, лимонада …Во попладневните сати се враќаме во хотел. Слободно време
Ноќевање.

4 ден 30.03.2025 ИСТАНБУЛ – БОСФОР – КАДИКОЈ – ЧАМЛИЏА
Појадок. По појадокот се упатуваме кон позната продавница за баклави, локуми, овошни и чоколадни бонбони, сувенири, чаеви, разни креми за разубавување и креми за болки по поволни цени. Потоа со локален водич се упатуваме кон познатата област Ортакој која се наоѓа под првиот висечки мост. Позната е по вкусниот полнет компир, слатки вафли, кафетерии и сувенирници.. Потоа продолжуваме кон областа Чамлиџа, прекрасен видиковец во прекрасна природа и новата Чамлиџа Џамија. Слободно време за разглед, кафе … Продолжуваме во договореното време кон областа Кадикој – позната по малите тесни улички полни со продавници, ресторани, кафетерии. Ќе го видиме и Бикот кој што е симбол на оваа област, бил изработен во Англија и донесен и поставен во 1860 година во чест на 31-виот Султан Абдул Меџит кој што ја изградил Палатата Долма Бахче Сарај. Слободно време за разглед.
Потоа организирано се враќаме во хотел. Слободно време и припрема за осмомартовска забава. Ноќевање.

5 ден 31.03.2025 ИСТАНБУЛ
Појадок. По појадокот се одјавуваме од хотел и се упатуваме кон познатиот Трговски Центар ФОРУМ ИСТАНБУЛ. Ќе имате можност да ги искористите новогодишните попусти за шопинг и за индивидуална посета на Големиот Аквариум “Turkuazoo”. Во непосредна близина се и продавниците Декатлон и Икеа. Попладне се упатуваме кон Македонија. Денско и ноќно возење со попатни паузи.

6 ден 01.04.2025 МАКЕДОНИЈА
Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.

Крај на програмата.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 125ЕУР – СО ЗАДОЛЖИТЕЛНА УПЛАТА НА ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ 60 ЕУР

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 159ЕУР – СО ЗАДОЛЖИТЕЛНА ЕДНА ПЕШАЧКА ТУРА ПРИ ПРИСТИГНУВАЊЕ 10ЕУР


Цената вклучува:

– превоз со автобус на дадената релација

– сместување во Хотел 3*, во областа Лалели  2 ноќ. со  појадок

– посета на шопинг центар Форум, Декатлон и Икеа

– професионален туристички пратител

Цената не вклучува:

  • Трансфер од Охрид – 5ЕУР
  • задолжително: туристичка такса – 5ЕУР, пешачка тура џамија Сулејмание, Капали Чаршија, Сина Џамија, Света Софија – 10ЕУР

– факултативно Ноќен Истанбул ( Галата, Таксим ) – 20 еур

– факултативно Крстарење по Босфор – 20 еур

– Чамлиџа и Кадикој – 20 еур

– Видиковецот Пјер Лоти со жичара – 10 еур

ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ 60 ЕУР

– индивидуална посета на Аквариум – ???? еур (цената е променлива)

– доплата за еднокреветне соба – 3.500 ден.


НАПОМЕНИ:
-Калкулацијата е правена на минимум 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.

  • Доколку не се исполни потребниот минимум, агенцијата има право да ја зголеми соодветно цената, и да ги извести патниците.
    – Излетите може да претрпат промена во редоследот на деновите во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже.
  • Попуст за деца до 12 г. во соба со 2 возрасни – ? %.
  • Агенцијата не одговара за исправноста на документите на патниците.
  • Важност на патните исправи најмалку уште 6 месеци од денот на враќање, потребен биометриски пасош.

БЕТИ ТЕРИ