1 Ден ( четврток) 05.09.24 Битола – Пиреја
Поаѓање во 19.30 часот од пред Спортска сала. Патуваме преку граничниот премин Меџитлија. Гранични и царински формалности. Ноќно возење со попатни паузи во Елефтерохори и Ламија.
2 Ден (петок) 06.09.24 Пиреја – Сирос
Пристигнување во Пиреја рано наутро. Се качуваме на бродот и во 07.30 часот испловуваме кон прекрасниот остров на Кикладите, островот Сирос. Пристигнување на островот во 11.15 часот. Се качуваме во автобус и се упатуваме кон нашиот хотел кој се наоѓа во Галиса, најпопуларното туристичко место на островот со најдолгата плажа со ситен песок наградена со сино знаме, и се сместуваме во собите. Имаме слободен ден да ја разгледаме Галиса и да уживаме во плажа и капење.
Ноќевање.
3 ден ( сабота) 07.09.24 обиколка на Сирос
Појадок. По појадокот заминуваме на обиколка да го запознаеме островот. Се упатуваме према најстариот прв формиран град на островот Ано Сирос неговите тесни улички и прекрасни мали плоштади, со попатна посета на фабрика за традиционална изработка на локуми и алва . Ќе ја посетиме католичката катедрала Агиос Георгиос . Потоа продолжуваме кон Ермуполи. Најпрво ке ја посетиме Црквата Успение на Пресвета Богородица за да се восхитуваме на автентичната истоимена икона од ЕЛ ГРЕКО (Доменикос Теотокопулос – грчки сликар, скулптор и архитект на шпанската ренесанса). Потоа преку пазарот одиме до уникатното Градско собрание на мермерниот плоштад Миаули , продолжуваме со посета на првиот театар – опера во Грција и посета на театарскиот музеј , црквата Свети Николаос… Слободно време.
Во договорено време се упатуваме кон една прекрасна плажа на Островот – плажата Вари. Слободно време.
Враќање во хотелот во Галиса.
Вечерта ноќна посета на Ермополи, величественото гратче кое се нарекува „музеј на отворено“ бидејќи има мноштво атракции на кои посетителот може да им се восхитува со прошетка низ неговите улички. Неокласичните градби на Ермуполис се спомениците што го прават посебен. Центарот е плоштадот Миаули, каде што се наоѓа Градското собрание, зграда инспирирана од палатите на Троја. Враќање во Галиса.
Ноќевање
4 Ден (недела) 08.09.24 Галиса
Појадок. Потоа се упатуваме кон уште една прекрасна плажа на Островот – плажата Кини. Денот е предвиден за плажа, капење, одмор.
Попладне се враќаме во Галиса
Вечерта повторно вечерна прошетка во Ермополи. Враќање во Галиса.
Ноќевање
5 Ден (понеделник ) 09.09.24 Галиса
Појадок. За денес предвиден факултативен целодневен излет со брод до монденскиот остров Миконос или островот Тинос со користење на плажи, капење, одмор, ручек…
Патниците кои остануваат , можат по уживаат на плажата Вари или Кини или да останат во Галиса
Ноќевање
6 Ден (вторник ) 10.09.24 Сирос – Пиреја – Битола
На последниот ден од нашата екскурзија после појадокот се подготвуваме за враќање. Во 16.00 часот испловуваме од Сирос и пристигнуваме во Пиреја во 19.45 часот. Го продолжуваме враќањето со попатни паузи во Ламија и Елефтерохори.
Пристигнување на 11.09.2024 ( среда) во раните утрински часови.
Крај на програмата
ЦЕНА: 370 € по лице
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
- Патување со климатизирани автобуси
- Сместување 4 ноќи во хотел 3* со појадок во Галиса.
- Сите екскурзии со водич според програмата
- Придружник за време на целото патување
- Бродски карти: Пиреја – Сирос – Пиреја
- Организација и водство на патувањето
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
- Влез во музеи и археолошки локалитети
- Факултативен излет до Остров Миконос или Остров Тинос – карти се купуваат на лице место
- Туристичка такса.
НАПОМЕНА:
*Редоследот на извршување на програмата може да претрпи промени без суштински да се промени истата.
- калкулација на 45 патници


БЕТИ ТЕРИ