8ми Септември КРФ – МИНИ ОДМОР
1 ден: 05.09.2024 МАКЕДОНИЈА – ИГУМЕНИЦА – КРФ
Поаѓање во 23:00 часот. По граничните формалности, продолжување за Игуменица со попатни одмори. Ноќно патување.
2 ден: 06.09.2024 ИГУМЕНИЦА – КРФ
Пристигнување Игуменица во раните утринските часови. Пловидба со брод до островот Крф. Планирано пристигнување во предпладневните часови. Сместување во студија и апартмани во Мораитика. Слободно време за плажа, капење и индивидуални активности. Ноќевање
3 ден: 07.09.2024. КРФ
Слободно време за плажа и индивидуални активности. Факултативно, попладне се упатуваме кон градот Крф и брдото Канони со прекрасен поглед кон Црквата Богородица Влахерна каде што можеме да го следиме полетувањето и слетувањето на авионите . Можност за уживање во кафе, храна, слатки… потоа продолжуваме за посета на главниот град Крф, Црквата посветена на Св. Спиридон заштитникот на островот, прошетка низ тесните улички преполни со кафетерии, сувенирници, бутици… Во договореното време се враќаме во Мораитика. Ноќевање
4 ден: 08.09.2024 МОРАИТИКА – ПАЛЕОКАСТРИЦА – ГЛИФАДА
Планиран факултативен излет до Палеокастрица, живописно место со преубава плажа на северниот дел од островот. Слободно време за одмор на плажа, возење со брод до блиските пештери како едно ново прекрасно искуство или да ручате во некое од прекрасните рибни ресторанчиња покрај море или да се посети Црквата посветена на Пресвета Богородица. Попатно посета на фабриката за производство на кумкуат – плод кој што успева само на островот Крф.
Во договорено време групата се упатува кон уште една прекрасна плажа Глифада, позната како најубава песочна плажа на Островот со златна песок и најпрекрасното зајдисонце.
Во доцните попладневни часови враќање во Мораитика.
Патниците кои нема да ја пратат факултативата имаат слободно време во Мораитика .
Ноќевање.
5 ден: 09.09.2024 КРФ – ЈАНИНА – МАКЕДОНИЈА
Се одјавуваме од апартманите и во претпладневните часови поѓање со брод за Игуменица,а потоа продолжување со автобус за Македонија, со попатни одмори и посета на градот Јанина. Враќање во Македонија во доцните вечерни часови.
ЦЕНА: 7.850 ден
Цената вклучува:
- Превоз со модерен туристички автобус по наведената програма
- Превоз со брод на релација: Игуменица – Крф – Игуменица
- 3 ноќевања во студија и апартмани во Мораитика
- Организација, подготовка и водство на аранжманот
Цената не вклучува:
-Туристичка такса – 3 еур - Целодневна екскурзија Палеокастрица, фабриката за кумкуат- МАВРОМАТИС, Плажа Глифада – 15еур
-Посета на главниот град Крф и Брдото Канони –10 евра
НАПОМЕНИ:
За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. - Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
- Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки од страна на организаторот.





БЕТИ ТЕРИ