1.ден 28.03.2025 МАКЕДОНИЈА – ЦРНА ГОРА
Состанок на групата во 23 часот и поаѓање за Црна Гора преку граничен премин Ќафасан, царински формалности и попатни паузи.
- ден 29.03.2025 БУДВА
Пристигнување во Црна Гора во утринските часови. Потоа продолжуваме кон Острошки Манастир посветен на Св. Василиј Острошки. Качување до Манастирот. Слободно време за разглед на Манастирот. Во договорено време го напуштаме Манастирот.
Продолжување кон Будва. Пристигнување во Будва и сместување во студиа и апартмани. Слободно време за одмор, ручек, можност за посета и прошетка во Стариот град … Слободно време .
Ноќевање. - ден 30.03.2025 БУДВА – КОТОР – ПОРТО МОНТЕНЕГРО
Планиран целодневен факултативен излет до Котор, стариот град со ѕидините, Катедралата на Св. Трифун, Столбот на срамот, потоа Бока-которскиот Залив, посета на Црквата Госпа од Шкрпеља ( Богородица од карпите) која датира од 15 век, изградена на вештачки створен остров од страна на рибарите и мештаните (интересната историја ќе ви биде раскажана од искусните водичи), монденското летувалиште Порто Монтенегро, Тиват… Доцна попладне враќање во Будва.
Патниците кои нема да ја пратат факултативата имаат слободен ден во Будва. Ноќевање. - ден 31.03.2025 БУДВА – МАКЕДОНИЈА
Одјавување од апартманите и околу пладне поаѓање преку Албанија за Македонија. Можност за попатна посета на Бар. Посета на храмот посветен на Свети Јован Владимир, втора по големина православна црква во Црна Гора. Можност да ја погледните Палатата на Крал Никола изградена на самиот морски брег, која била подарок за неговата ќерка Зорка и зетот, принцот Петар Караѓорѓевиќ.
Потоа продолжуваме преку Албанија кон Македонија.
Пристигнување во доцните вечерни часови.
Крај на програмата.
ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 109 ЕУР / 6.750 денари
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :
сместување во Будва, 2 ноќевања, во приватни апартмани
посета на Бар
Посета на Острошки Манастир
Превоз на дадената релација
Организација и водство на групата
ЦЕНАТА не вклучува :
Туристичка такса Будва – 3 еур
Превоз до горниот Манастир 2 еур и туристицка такса 1 еур за Острошки Манастир
Факултативен излет до Котор , Бока Которски Залив и Порто Монтенегро – 15 еур
Брод и влезница за Црквата Богородица од карпите – 10 еур
НАПОМЕНИ:
За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки од страна на организаторот.
За патувањето во Црна Гора може и само лична карта
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.









БЕТИ ПОЛЕТ
КАРАЏА