Select Page

11-ти Октомври Истанбул (Превоз од Охрид)

1 ден 09.10.2024 МАКЕДОНИЈА – ТУРЦИЈА
Поаѓање во 17 часот . Ноќно возење преку Грција , гранични формалности и попатни паузи…
2 ден – 10.10.2024 ИСТАНБУЛ – БАЛАТ – СУЛЕЈМАНИЕ – КАПАЛИ ЧАРШИЈА – ХИПОДРОМ – СВ. СОФИЈА – СИНА ЏАМИЈА
Планирано е пристигнување во Истанбул во претпладневните часови.Започнуваме со разглед на Истанбул: со локален водич започнуваме со посета на областа Балат, позната по своите шарени куќи и тесни улички, со прекрсни стилски мали кафетерии. Тука се наоѓа и Вселенската Патријаршија, значаен симбол на христијанството и Железната Црква, која е донација и изградена од македонски мајстори. Потоа одиме кон хотелот да го оставиме багажот и ако се спремни собите да се сместиме (регуларно check in е после 14 часот) . По кратка пауза, со локалниот водич продолжуваме на пешачка тура: посета на познатата џамија Сулејмание- изградена во чест на Султан Сулејман, каде се наоѓаат и тубињата ( гробниците) на Султанот и Хурем Султан. Од видиковецот се простира прекрасен поглед на Истанбул. Потоа одиме кон најпознатиот затворен пазар Капали Чаршија. Слободно време за индивидуален разглед. Продолжуваме на посета на Хиподромот, Света Софија ( само однадвор) и Сината Џамија. Слободно време за кафе, вечера, разглед… Пред враќање во хотелот постои можност за посета на продавница за кожа, и парфимерија ( прва копија на оригиналите по многу поволни цени).
Враќање во хотел.
Ноќевање.
3 ден 11.10.2024 ЕГИПЕТСКИ ПАЗАР – ПЈЕР ЛОТИ – ЛЕВЕНТ – ТАКСИМ – ГАЛАТА КУЛА
Појадок. По појадокот се упатуваме кон познатиот Египетски пазар – Мисир чаршија, за да може да ги видите и вкусите сите бои и мириси на истокот и западот. Можност за шопинг, да се испие најубавото турско кафе или да се ужива во познати турски специјалитети: ќунефе , катмар, турски чај или да пробате од познатиот превкусен ˮ Турски МекДоналдсˮ сендвич со свежа печена риба во лепче… Потоа продолжуваме кон видиковецот Пјер Лоти каде ќе ја слушните љубовната приказна за една неостварена љубов. Пристигнуваме со жичара. Тука го има највкусното кафе припремено на жар со прекрасен поглед кон Златниот рог – Халич – почетокот и крајот на Босфорот , ѓозлеме, традиционални турски чајџилници, лимонада … Слободно време. Потоа се упатуваме кон областа Левент и ќе ја посетиме највисоката зграда во Истанбул и Европа – SAPPHIRE SEYIR TERASI, од каде Ви се овозможува спектакуларна глетка – панорама врз целиот град…со специјална 4Д симулација се овозможува “прелет“ на небото над градот, со виртуелна посета на Аја Софија, Топ Капи, цистерните, Галата Кулата, Сината Џамија…
Враќање во хотел и индивидуално време за одмор, ручек…
Пред вечерта се упатуваме на Ноќен разглед на Истанбул: раздвиженоста и светлата на познатата област Ортакој која се наоѓа под првиот висечки мост. Позната е по вкусниот полнет компир , слатки вафли, кафетерии и сувенирници, потоа плоштадот Таксим, прошетка по познатата улица Истиклал која е долга 2 км, од двете страни со продавници на познати марки, слаткарници, ресторани, кафетерии… На крајот од оваа улица се наоѓа Галата Кула. Во вечерните часови се враќаме во хотелот.
4 ден 12.10.2024 ИСТАНБУЛ – БОСФОР – КАДИКОЈ – ЧАМЛИЏА
Појадок. По појадокот со локален водич се упатуваме на незаборавно Крстарење по Босфор – да доживееме еден поинаков Истанбул со целиот негов раскош виден од вода. Продолжуваме во договореното време кон областа Кадикој – позната по малите тесни улички полни со продавници, ресторани, кафетерии. Ќе го видиме и Бикот кој што е симбол на оваа област, бил изработен во Англија и донесен и поставен во 1860 година во чест на 31-виот Султан Абдул Меџит кој што ја изградил Палатата Долма Бахче Сарај. Слободно време за разглед. Продолжуваме во договореното време кон областа Чамлиџа, прекрасен видиковец во прекрасна природа. Потоа ќе ја посетиме новата Чамлиџа Џамија. Слободно време за разглед, ручек , кафе …
Потоа организирано се враќаме во хотел. Слободно индивидуално време.
Ноќевање.
5 ден 13.10.2024 ИСТАНБУЛ
Појадок. По појадокот се упатуваме кон позната продавница за баклави, локуми, овошни и чоколадни бонбони, сувенири, чаеви, разни креми за разубавување и креми за болки по поволни цени. Потоа се упатуваме кон познатиот Трговски Центар ФОРУМ ИСТАНБУЛ. Ќе имате можност за индивидуална посета на Големиот Аквариум “Turkuazoo”. Во непосредна близина се и продавниците Декатлон и Икеа. Попладне се упатуваме кон Македонија. Денско и ноќно возење со попатни паузи.
6 ден 14.010.2024 МАКЕДОНИЈА
Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.
Крај на програмата.


ПРОМО ЦЕНА: 129 ЕУР ( до 30.09.2024)
Редовна цена: 159 ЕУР


Цената вклучува:

  • Превоз со туристички автобус
  • Сместување во хотел 3* во Лалели , 3 ноќевања со појадок
  • Гратис екскурзија – пешачка тура со локален водич : Сулејмание, Капали Чаршија, Хиподром, Сина Џамија, Св. Софија ( влезница се купува на лице место)
  • Туристички пратител за цело време на патувањето
  • Организација и водство на аранжманот

Цената не вклучува:

  • Туристичка такса – 6 еур
  • Задолжително: на пристигнување Балат и Вселенска Патријаршија со локален водич – 10 еур
  • Екскурзија Египетски пазар- Мисир Чаршија и видиковец Пјер Лоти – 15 еур
  • SAPHIRE SEIR TERASI 4D анимација – 25 еур
  • Ноќен Истанбул – Ортакој, Таксим и Галата Кула – 20 еур
  • Кадикој, Чамлиџа и Чамлиџа Џамија – 15 еур
  • Крстарење со брод по Босфор – 20 еур
  • Доплата за еднокреветна соба 60 еур
    За уплата на целосна факултатива – 75 еур
    НАПОМЕНИ:
    -Калкулацијата е правена на минимум 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
  • Доколку не се исполни потребниот минимум, агенцијата има право да ја зголеми соодветно цената, и да ги извести патниците.
    – Излетите може да претрпат промена во редоследот на деновите во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже.
  • Попуст за деца до 12 г. во соба со 2 возрасни – 30 %.
  • Агенцијата не одговара за исправноста на документите на патниците.
  • Важност на патните исправи најмалку уште 6 месеци од денот на враќање, потребен биометриски пасош

БЕТИ ПОЛЕТ