ПОЛОЖБА:
Хотел Милениум е со локација во центарот на Охрид, покрај самиот кеј на Охридското Езеро, на само околу 500 м од центарот на градот, и само на неколку минути пешачење до најпознатите градски плажи на Охрид, пристаништето и стариот дел на градот.
СМЕСТУВАЊЕ:
Хотелот располага со нови модерни соби, кој располагаат со LCD телевизор со кабловска телевизија, телефон, WI-FI, бања, мини бар, услуга во соба. Располага со сопствен паркинг кој е бесплатен за гостите на хотелот.
УСЛУГА:
Хотелот нуди услуга на ББ сервис ( вклучен доручек ), ХБ сервис ( вклучен доручек и вечера ), ФБ сервис ( вклучен доручек, ручек, вечера ). Пијалокот не е вклучен во понуда.
СОДРЖИНА:
Главен ресторан, лаунџ бар, детско игралиште, мини лоби, телефон, интернет, рент а кар, wi – fi интернет во целиот објект.
ПЛАЖА:
Хотелот не располага со приватна плажа, истиот е централно лоциран, градската плажа е на само 20м.
СПОРТ И ЗАБАВА:
Хотелот е одличен концепт за бизнис патување или централно сместување. Постои можност за организација на различни екскурзии во соработка со нашата агенција.