Select Page

Хотел Aqualina 4*

Хотелот „Аквалина“ се наоѓа во туристичката населба Св.Стефан, оддалечен 6 км од центарот на Охрид на регионалниот патен правец Охрид- Св.Наум.  Комплексот на хотелот се наоѓа на самиот брег на Охридското езеро опкружен со бистрата езерска вода од едната страна и бескрајна зелена шума од Националниот парк Галичица на другата страна.
 
Во својот сместувачки капацитет располага со вкупно 84 соби од кои, 1 Апартман со сауна, 6 соби со сауна и француски кревет, 7 соби со џакузи и француски кревет, 64 двокреветни соби, 6 трокреветни соби. Сите соби се опремени со ЛЦД ТВ, кабловска телевизија, телефон, WI-FI, купатило, фрижидер, услуга во соба и сопствен паркинг
 
Хотелот „Аквалина“  располага со сопствена плажа опремена со лежалки и чадори за сонце и професионални спасувачи. Во состав на плажата работи и бар со капацитет од 100 седишта и отворен базен со лежалки и бесплатна услуга за пешкири.