Select Page

ИСТАНБУЛ  31 – ви МАРТ- 2 НОЌИ (Превоз од Охрид)

1 ден  28.03.2025 МАКЕДОНИЈА – ТУРЦИЈА

Поаѓање во 18 часот . Ноќно возење преку Грција , гранични формалности и попатни паузи…

2 ден  29.03.2025 ИСТАНБУЛ

Пристигнување во Истанбул во претпладневните часови и започнуваме со посета на  областа Балат, позната по своите шарени куќи и тесни улички, со прекрсни стилски мали кафетерии. Тука се наоѓа и Вселенската Патријаршија, значаен симбол на христијанството и Железната Црква, која е донација и изградена од македонски мајстори.  Во договорено веме се упатуваме кон хотелот да го оставиме багажот и ако се спремни собите да се сместиме (регуларно check in е после 14 часот) . Доколку не се спремни собите со локалниот водич се упатуваме  на пешачка тура:  посета на познатата џамија Сулејмание- изградена во чест на Султан Сулејман, каде се наоѓаат и тубињата ( гробниците) на Султанот и Хурем Султан. Од видиковецот се простира прекрасен поглед на Истанбул. Продолжуваме кон Капали Чаршија. Слободно време. Потоа се враќаме во хотелот и се сместуваме. Слободно време до 19:30 часот кога се упатуваме на факултативен разглед на ноќен Истанбул: областа Галата со посета на Галата Кула, плоштадот Таксим.  Во договорено време се враќаме во хотелот.  

Ноќевање.

3 ден  30.03.2025 ИСТАНБУЛ

Појадок. По појадокот продолжуваме на незаборавно Крстарење по Босфор – да доживееме еден поинаков Истанбул со целиот негов раскош виден од вода. Продолжуваме кон  областа Чамлиџа каде што ќе ја посетиме џамијата на турскиот претседател Ердоган. Разгледот продолжува кон областа Кадикој на азиската страна, место кое е преполно со тесни улички, ресторани, кафулиња, продавници. Слободно време за индивидуален разглед  Во договорено време се враќаме во хотелот.

Ноќевање.

4 ден  31.03.2025 ИСТАНБУЛ – МАКЕДОНИЈА

Појадок. По појадокот се одјавуваме од хотелот и се упатуваме кон позната продавница за баклави, локуми, овошни и чоколадни бонбони, сувенири, чаеви, разни креми за разубавување и креми за болки по поволни цени. Потоа продолжуваме кон видиковецот Пјер Лоти каде ќе ја слушните љубовната приказна за една неостварена љубов. Пристигнуваме со жичара. Тука го има највкусното кафе припремено на жар со прекрасен поглед кон Златниот рог – Халич – почетокот и крајот на Босфорот, ѓозлеме, традиционални турски чајџилници, лимонада …

Потоа се упатуваме кон познатиот Трговски Центар ФОРУМ ИСТАНБУЛ. Ќе имате можност за индивидуална посета на Големиот Аквариум “Turkuazoo”. Во непосредна близина се и продавниците Декатлон и Икеа. Попладне се упатуваме кон Македонија. Денско и ноќно возење со попатни паузи.

5 ден  01.04.2025 МАКЕДОНИЈА

Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 109ЕУР – СО ЗАДОЛЖИТЕЛНА УПЛАТА НА ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ 60 ЕУР

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 139ЕУР – СО ЗАДОЛЖИТЕЛНА ЕДНА ПЕШАЧКА ТУРА ПРИ ПРИСТИГНУВАЊЕ 10ЕУР

Цената вклучува:

– превоз со автобус на дадената релација

– сместување во Хотел 3*, во областа Лалели  2 ноќ. со  појадок

– посета на шопинг центар Форум, Декатлон и Икеа

– професионален туристички пратител

Цената не вклучува:

  • Трансфер од Охрид – 5ЕУР
  • задолжително: туристичка такса – 5ЕУР, пешачка тура џамија Сулејмание, Капали Чаршија, Сина Џамија, Света Софија – 10ЕУР

– факултативно Ноќен Истанбул ( Галата, Таксим ) – 20 еур

– факултативно Крстарење по Босфор – 20 еур

– Чамлиџа и Кадикој – 20 еур

– Видиковецот Пјер Лоти со жичара – 10 еур

ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ 60 ЕУР

– индивидуална посета на Аквариум – ???? еур (цената е променлива)

– доплата за еднокреветне соба – 3.500 ден.

НАПОМЕНА:

Важност на патните исправи најмалку уште 6 месеци од денот на враќање

Факултативните излети може да претрпат промена во редоследот на деновите.

БЕТИ ТЕРИ