Select Page

Божиќен Маркет во Минхен

Божиќен Маркет во Минхен
(11.12 – 14.12.2026) 

Минхен – главен град на германската покраина Баварија. Градот лежи на реката Изар, северно од Баварските Алпи. Минхен е третиот најголем град во Германија по Берлин и Хамбург и има околу 1,35 милиони жители. Градот бил домаќин на Летните олимписки игри во 1972.

Неговото име München потекнува од старогерманскиот збор Munichen, што во превод на македонски значи монаси. Името на градот потекнува од монасите во Бенедиктанскиот ред, кои и го основале градот; тоа е и причината поради која на грбот на Минхен има монах. Црно и злато се боите на Светото Римско Царство и тие се и официјалните бои на градот уште од времето на кралот Лудвиг IV.

Влезници за објектите со доплата:

  • Nymphenburg Palace – 25 € по лице
  • Munchen Residenz – 20 € по лице
  • Alte Pinakothek – 14 € по лице
  • BMW Museum – 26 € по лице
  • Olympic Park Munich: The Skylift Tour – 33 € по лице

УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ:

  • Цената е изразена во евра со денарски курс од 62,00 ден.
  • При пријавување и склучување на договорот се уплаќа аконтација од 30% од вкупниот износ и најдоцна 15 дена пред датумот на патување се доплаќа остатокот.
  • Плаќањето може да биде готовинско, со платежни картички или на фактура.

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

– За програмата важат Општите Услови на патување на СКТМ.

– Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.

– ТЕРМИНИТЕ и ЦЕНИТЕ на аранжманот се подложни на промени и се согласно моментална расположливост.

– Распоредот на активностите е подложен на промени согласно можностите и временските услови.

– За реализација на патувањето е потребен минимален број од 10 патници. Доколку минималниот број на патници не се исполни патниците патуваат без придружник од агенцијата, но со сите потребни информации за патувањето, рутите на движење, информации за превозните средства кои ќе се користат и достапност за консултации и прашања за време на целото патување.

– Кај аранжманите кои вклучуваат авио превоз, по купувањето на картата не е возможна рефундација на истите и во тој случај важат условите на авио компанијата.

– Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со low cost авио компанија, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекцијата, патниците се должни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.

– Цените со low cost аранжмани подложни се на промени и по уплатата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.

– Агенцијата не сноси одговорност за промени на конекциите на авио компаниите.

– Наведените саатници на летовите во програмата подложни се на промени и зависат од авио компанијата.

Програма

01 ДЕН (11.12.2026) СКОПЈЕ – МИНХЕН

Пристигнување на аеродромот во Скопје два часа пред летот кој полетува за Мемминген во 07:00 часот и слетува во 09:10 часот. Организиран трансфер од аеродромот до хотелот. Сместување во хотел и време за пауза.
После одмор групата се упатува кон главниот градски плоштад Marienplatz и Neues Rathaus – познатата градска општина со часовникот Glockenspiel каде имаме можност да уживаме во еден од најубавите Божиќни маркети. Продолжуваме кон катедралата Frauenkirche која е седиште на католичката надбискупија на Минхен и Фрајзинг. Го посетуваме и Viktualienmark – традиционалниот пазар каде ќе ги пробаме нивните локални специјалитети и ќе имаме заедничка дружба во некоја локална пивница. Враќање во хотел и ноќевање.

02 ДЕН (12.12.2026) МИНХЕН

Појадок. После појадокот се упатуваме кон Schloss Nymphenburg, прекрасна барокна палата со големи градини. Продолжуваме кон плоштадот Konigsplatz кој има впечатлива и класична архитектура. Ја посетуваме и Alte Pinakothek, стара пинакотека или уметнички музеј. Таа е една од најстарите галерии во светот и во неа се наоѓа важна збирка на стари мајсторски слики. Името Alte (стар) Pinakothek се однесува на временското раздобје опфатено со збирката – од 14 до 18 век. Потоа се упатуваме кон поранешната резиденција на баварските владетели – Munich Residenze. Прошетката ја продолжуваме кон Hofgarten, елегантната градина во центарот.
После прошетката следува заедничка дружба во Hofbräuhaus München, пивница на три ката која датира од 16-тиот век, со баварски ресторан, забавни програми и жива атмосфера. Враќање во хотел и ноќевање.

03 ДЕН (13.12.2026) МИНХЕН

Појадок. После појадокот се упатуваме кон BMW Welt, изложбен простор посветен на автомобилите. Го посетуваме и BMW Museum со историја на брендот и автомобилската индустрија. Прошетката ја продолжуваме кон Olimiapark, комплексот изграден за Олимписките игри во 1972 година.
Потоа ја посетуваме Англиската Градина која има површина од околу 375 хектари (протегајќи се на околу 5,5 до 6 километри во должина), нејзини главни атракции се Eisbachwelle – Познат бран на реката Ајсбах на самиот јужен влез на паркот, каде што сурферите јаваат постојан вештачки речен бран во текот на целата година. 25-метарска дрвена пагода изградена во 18 век, околу која се наоѓа една од најголемите баварски пивни градини со околу 7.000 седишта и историски вртелешки за деца. Моноптерос (Monopteros) Грчки храм во класичен стил дизајниран од Лео фон Кленце, кој нуди прекрасен поглед на панорамата на Минхен. Јапонска чајна кула, сместена на мал остров, изградена по повод Олимписките игри во 1972 година, каде што редовно се одржуваат традиционални јапонски церемонии за чај и езерото Клајнхеселохер (Kleinhesseloher See), вештачко езеро каде што може да се изнајмат чамци на педали или ролчамци, со популарниот ресторан и пивна градина Seehaus на неговиот брег.
После прошетката имаме слободно време за уживање во Божиќниот маркет или шопинг на улицата Kaufingerstraße. Враќање во хотел и ноќевање.

04 ДЕН (14.12.2026) МИНХЕН – СКОПЈЕ

Појадок. После појадокот одјавување од собите. Во договорено време организиран трансфер до аеродромот во Мемминген со пристигнување два часа пред летот кој полетува во 09:45 часот и слетува во Скопје во 11:45 часот.

Вклучено

  • Авио превоз Скопје – Мемминген – Скопје
  • Аеродромски такси (подложни на промена)
  • Рачен багаж – ранец (40cmх30cmх20cm)
  • Трансфери од аеродром до хотел и од хотел до аеродром
  • 3 ноќевања во хотел на база ноќевање со појадок
  • Пешачка/панорамска тура со водич за сите 3 дена
  • Трошоци за организација на патувањето

Не е вклучено

  • Транспортна картичка за јавен превоз (3 дена) – 35 € по лице
  • Влезници во наведените објекти
  • Градска туристичка такса
  • Патничко осигурување
  • Индивидуални трошоци на патниците