Совршен спој на релаксација покрај море, шопинг, богата историја и боемски вечери!
Термин: 24.10.2026 – 25.10.2026
Сместување: Хотел 3* во Переа – на самата песочна ривиера
Цена: 89EUR по лице
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:
1 ДЕН (24.10 Недела) | Струга/Охрид – Переа
Поаѓање: Во раните утрински часови. Пристигнување во трговскиот центар Mediterranean Cosmos за шопинг. По шопингот се упатуваме кон Переа, пријавување во хотел и слободно време за индивидуални прошетки, кафе покрај море или уживање во некоја од таверните со вкусни деликатеси на морски плодови и традиционална гчка храна. Одмор до вечерното заминување кон Солун.
Солун By Night, време за прошетка и вечера во срцето на солунскиот ноќен живот – познатиот боемски кварт Ladadika, место исполнето со традиционална музика, вино и неповторлива грчка атмосфера. Враќање во хотел. Ноќевање.
2 ДЕН (25.10 Понеделник ) | Солун – Магичните водопади во Воден & Враќање
Појадок покрај море и одјавување од сместувањето. Заминување кон познатите маркети Лидл, а потоа прошетка низ центарот на Солун. По ручекот заминување кон Воден. Кратка пауза за кафе, фотографирање и уживање покрај познатите водопади.
Пристигнување во Охрид во вечерните часови.
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз
- 1 ноќевање со појадок во Хотел во Переа 3*
- Солун By Night
- Посета на Воденските Водопади
- Организација и реализација на патувањето
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Патничко осигурување
- Туристичка такса (се плаќа на рецепција)
- Влезници и лични трошоци
БРОЈОТ НА МЕСТА Е ОГРАНИЧЕН!
НАПОМЕНИ:
За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
Доколку не се исполни потребниот минимум, агенцијата има право да ја зголеми соодветно цената, и да ги извести патниците.
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки од страна на организаторот.
Агенцијата не одговара за исправноста на документите.
ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ




