Совршен спој на релаксација на плажа, шопинг и боемски вечери!
- Термин: 11.10.2026-12.10.2026
- Сместување: Хотел во Переа – на самата песочна ривиера
- Цена: 89 EUR по лице
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:
1 ДЕН (11.10 Сабота) | Струга/Охрид – Переа
Поаѓање: Во раните утрински часови. Пристигнување во Переа во претпладневните часови.По пристигнувањето, следува слободно време за индивидуални прошетки, кафе покрај море или уживање на плажа. Сместувањето во собите се врши во попладневните часови (според правилото на објектот). Одмор и слободно време за ручек во традиционалните таверни или релаксација на плажа до вечерното заминување кон Солун.
Солун By Night, време за прошетка и вечера во срцето на солунскиот ноќен живот – познатиот боемски кварт Ladadika, место исполнето со традиционална музика, вино и неповторлива грчка атмосфера. Враќање во хотел. Ноќевање.
2 ДЕН (12.10 Недела) | Солун, Шопинг (Cosmos & Lidl) – Магичните водопади во Воден & Враќање
Појадок покрај море и одјавување од сместувањето. Заминување кон трговскиот центар Mediterranean Cosmos за шопинг, а потоа прошетка низ центарот на Солун. По ручекот заминување кон Воден. Кратка пауза за кафе, фотографирање и уживање покрај познатите водопади.
Пристигнување во Охрид во вечерните часови.
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз
- 1 ноќевање со појадок во Хотел во Переа 3*
- Солун By Night
- Посета на Воденските Водопади
- Организација и реализација на патувањето
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Патничко осигурување
- Туристичка такса (се плаќа на рецепција)
- Влезници и лични трошоци
БРОЈОТ НА МЕСТА Е ОГРАНИЧЕН!







