Select Page

БАЛКАНСКА ТРИЛОГИЈА: Призрен, Приштина и Тирана во еден здив!

ДЕН 1 (23.05.2026) Македонија – Урошевац – Приштина – Призрен
Поаѓање во раните утрински часови. Патување преку граничниот премин Блаце со попатна пауза. Пристигнување во Урошевац, пауза и слободно време за појадок кафе и мал шопинг во познатите Ленти , Рингмол, Аурора, Се за 1 еур и Аутлет.
Потоа патувањето го продолжуваме кон Приштина. Попатна пауза и панорамски разглед на градот: Националната библиотека (ремек-дело на модернистичката архитектура), Катедралата „Мајка Тереза“ .
Продолжуваме кон Призрен. Пристигнување и сместување во хотел во срцето на градот, со прекрасен поглед на стариот камен мост и старата чаршија. Слободно време за одмор, ручек…
Пешачки разглед на „градот музеј“:
Шадрван – срцето на стариот град со познатата чешма.
Камениот мост врз реката Бистрица.
Синан Пашина џамија.
Искачување до Тврдината (Калето) за незаборавен поглед на зајдисонцето над Призрен.
Слободна вечер за уживање во автентичните скари и локални специјалитети. Ноќевање.

ДЕН 2 (24.05.2026): Призрен – Тирана – Елбасан – Македонија
Појадок . Во договорено време одјавување од собите.
Поаѓање кон Албанија. Патување низ живописна природа со попатна пауза. Пристигнување во Тирана. Прошетка низ центарот на градот:
Плоштадот Скендербег.
Операта и Националниот музеј.
Топтани Мол.
Слободно време за прошетка и ручек низ центарот на Тирана.
Во договорено време поаѓање кон Елбасан. Кратка пауза кај старата тврдина во центарот на градот за одмор.
Вечерните часови – Пристигнување во Македонија.

ЦЕНА 79ЕУР ( 4.900 ден)


Цената вклучува:
Превоз со автобус на дадена релација;
1 ноќевање со појадок во хотел во Призрен;
Посета на Урошевац;
Посета на Приштина;
Призрен и Тирана;
Попатна посета на Елбасан;
Организација и придружник на патувањето.
Цената не вклучува:
Туристичка такса;
Индивидуални трошоци и оброци кои не се наведени во програмата.

НАПОМЕНИ:
За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
Доколку не се исполни потребниот минимум, агенцијата има право да ја зголеми соодветно цената, и да ги извести патниците.
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки од страна на организаторот.
Агенцијата не одговара за исправноста на документите.