Select Page

ЈОНСКА МАГИЈА И КАМЕНИ ГРАДОВИ: Ксамил, Саранда, Валона и Берат

Датум: 29.05 – 31.05.2026 | Траење: 3 дена / 2 ноќевања

ДЕН 1 (29.05.2026): Македонија – Ѓирокастро – Саранда
Поаѓање во раните утрински часови. Патување преку преминот Ќафасан со попатни паузи. Пристигнување во пладневните часови во Ѓирокастро или Аргирокастро – град во Јужна Албанија прогласен од УНЕСКО за светско културно наследство како редок пример на добро сочуван отомански град. Неговото име на грчки јазик значи “ Сребрена тврдина“. Познат е и по тоа што е родниот град на Енвер Хоџа. Во градот ќе имаме можност за посета на стариот дел на градот, старата турска чаршија која е изградена во 17 век , Тврдината на Ѓирокастро, да уживате во камените градби и улици кои потсетуваат на животот во дамнешно време.Слободно време за прошетка, кафе, автентичен ручек (пробајте qifqi)…
Продолжуваме со патувањето, пристигнување и сместување во хотел во Саранда. Слободно време за одмор, прошетка по познатото шеталиште или вечера во некој од многубројните рибни ресторани.
Во вечерните часови можност за заедничка посета на Тврдината Лекуреси (Lëkurësi) над Саранда, од каде се пружа панорамски поглед на целиот залив и островот Крф.
Ноќевање.

ДЕН 2 (30.05.2026): Саранда – Национален парк Бутринт – Ксамил
Појадок . После појадокот планирана е посета на археолошкиот локалитет – Бутринти (под заштита на UNESCO) , кој датира од 1 век п.н.е и се наоѓа во истоимениот национален парк. Прошетка низ археолошкиот локалитет каде се преплетуваат грчката, римската и византиската историја.
Продолжуваме кон познатото туристичкото место Ксамил, покрај егзотичните острови кои ја носат титулата „европски Малдиви“ – разглед, прошетка , можност за се искористи сончевиот ден на некоја од прекрасните плажи, ручек, кафе…
Доцна попладне се враќаме во Саранда. Слободно време.
Ноќевање.

ДЕН 3 (31.05.2026): Плаво око – Валона – Елбасан – Македонија
Појадок . Во договорено време се одјавуваме од хотелот и се упатуваме кон природниот феномен Плаво Око (Syri i Kaltër) – Blue Eye кој е природен извор со константна темепература од 10 степени целзиусови дури и во најтоплите летни месеци. Неговата карактеристика е кристално чистата вода во која може да се види секоја мала честичка, а ако погледнете од металната кула за гледање над него изгледа како око и од тука потекнува името на феноменот. Време за фотографии и уживање во природата.
Продолжуваме со патувањето кон Валона. Слободно време за прошетка по познатото шеталиште Lungo Mare, можност за ручек, кафе… Ако дозволуваат условите и времето попатна посета на островот Звернец и манастирот „Света Марија“, сместен среде лагуната Нарта, поврзан со долг дрвен мост.
Продолжуваме со патувањето кон Елбасан. Кратка пауза за кафе и прошетка низ внатрешноста на тврдината во центарот на градот.
Пристигнување во Македонија во вечерните часови.


Цената вклучува:
Превоз со автобус на дадена релација;
2 ноќевања со појадок во хотел во Саранда;
Посета на Ксамил, Буринт и Плаво Око;
Посета на тврдината кај Саранда, Ѓирокастро и Звернец;
Попатна посета на Елбасан;
Организација и придружник на патувањето.
Цената не вклучува:
Влезница за Националниот парк Бутринт – 6 еур се купува на лице место
Туристичка такса;
Индивидуални трошоци и оброци кои не се наведени во програмата.

НАПОМЕНИ:
За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
Доколку не се исполни потребниот минимум, агенцијата има право да ја зголеми соодветно цената, и да ги извести патниците.
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки од страна на организаторот.
Агенцијата не одговара за исправноста на документите.