АТИНА
1 ден 19.03.2026 ( четврток) МАКЕДОНИЈА – АТИНА
Состанок на групата во договорено времево доцните вечерни часови и поаѓање кон граничен премин Меџитлија. Гранични и царински формалности. Попатни паузи.
2 ден 20.03.2026 ( петок) АТИНА
Пристигнување во Атина наутро и започнуваме со панорамски разглед на градот и посета на историскиот центар. Современата форма на главниот град на Грција, покрај безбројните продавници, новите пешачки улици и модернизираните згради, се издвојува и по своето многу значајно историско минато. Уникатни споменици, археолошки локалитети и живописни населби, каде што може да се открие историјата низ вековите.
Следува сместување во хотел во градот. Одмор, слободно време. Вечерта можност за прошетка и забава во многубројните кафетрии и барови. Ноќевање .
3 ден 21.03.2026 ( сабота) АТИНА – МАРИНА ЗЕА – МИКРОЛИМАНО – СТАВРОС НИАРХОС
Појадок. По појадокот поаѓање за панорамски разглед на пристаништето Пиреја и Марината Зеа – престижна марина за мега јахти и излез кон Саронскиот залив.. Прошетката ја продолжуваме во Микролимано – природно мало пристаниште каде ќе уживаме во кафе или ручек во приватните таверни, а потоа посета на Фондацијата Ставрос Ниархос. Културниот центар „Фондација Ставрос Ниархос“ е простор за одржување културни настани и ги опфаќа зградите на Националната библиотека на Грција и Националната опера, како и урбан парк и други помали објекти.
Враќање во хотелот. Индивидуално време за одмор. Навечер, по желба, забава во Псири – Монастираки во традиционална таверна со жива музика, вистинска атинска веселба. Враќање во хотелот во договорено време. Ноќевање .
4 ден 22.03.2026 ( недела) АТИНА – МАКЕДОНИЈА
Појадок. По појадокот се одјавуваме од хотелот. Се упатуваме кон Акропол. Посета на импресивниот Музеј на Акропол, каде што античката историја се среќава со современата архитектура. Потоа слободно време во населбата Тисејо во стариот археолошки дел на Атина и шарената и живописна улица Монастираки богата со специјалитети на атинската кујна. Во договорено време тргнуваме назад кон Македонија со попатни паузи. Пристигнување во доцните вечерни часови.
КРАЈ НА ЕКСКУРЗИЈАТА
Цена на аранжманот: 170 € по лице во двокреветна соба
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
▪ Превоз со луксузен климатизиран автобус
▪ Сместување во хотел 3* , 2 ноќевања со појадок
▪ Разгледи и посети според програмата
▪ Официјален туристички водич на Акропол и во Музејот
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
▪ Влезници за Акропол и Музејот се купува на лице место – — еур
▪ Факултативна вечера во Псири – Монастираки – — еур
▪ Туристичка такса
НАПОМЕНА
Калкулацијата е правена на минимум 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
- За изведување на аранжманот е потребен потенцираниот минимум патници. Во спротивно организаторот има право да ја зголеми цената, или во краен случај да откажи.
- Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
- Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки од страна на организаторот.
