1ден 30.04.2026 МАКЕДОНИЈА – ЦРНА ГОРА
Состанок на групата во 23:00 часот и поаѓање за Црна Гора преку граничен премин Ќафасан, царински формалности и попатни паузи.
2ден 01.05.2026 БУДВА
Пристигнување во Црна Гора во утринските часови. Се упатуваме кон Острошки Манастир посветен на Св. Василиј Острошки. Качување до Манастирот. Слободно време за поклоненине на моштите на светецот, како и за разглед на Манастирот. Во договорено време го напуштаме Манастирот.
Пристигнување во Будва и сместување во хотел во градот.
Слободно време за одмор, ручек, посета и прошетка на Стариот град , шопинг, прошетка покрај море…
Излегуваме да го проследиме Меѓународниот туристички карневал под маски, на кој учествуваат и карневалски поворки од повеќе земји. Карневалот преставува вовед во претстојната туристичка сезона. Веселото расположение, позитивните вибрации и емоции на учесниците и посетителите го оживуваат градот и му го враќаат стариот дух и шарм.
Можност да се проследат огномет и концертите на неколку локации во градот кој е сеуште во карневалско расположение.
Ноќевање.
3ден 02.05.2026 БУДВА – КОТОР- ПЕРАСТ( БОГОРОДИЦА ОД КАРПИТЕ) – ПОРТО МОНТЕНЕГРО
Се упатуваме на факултативен излет до Котор, стариот град со ѕидините, Катедралата на Св. Трифун, Столбот на срамот, потоа Бока-которскиот Залив, посета на преубавото мало градче Пераст и Црквата Госпа од Шкрпеља ( Богородица од карпите) – се префрламе со мали бродчиња- која датира од 15 век, изградена на вештачки створен остров од страна на рибарите и мештаните (интересната историја ќе ви биде раскажана од вашите водичи), монденското летувалиште Порто Монтенегро – уникатен спој на Монте Карло и Сен Тропе, Тиват… Слободно време за кафе, шопинг … Враќање во Будва.
Патниците кои нема да ја пратат факултативата имаат слободен ден.
Вечерта можност за пратење на програмата од вториот ден на карневалот.
Ноќевање.
4ден 03.05.2026 БУДВА – МАКЕДОНИЈА
Во договорено време одјавување од хотелот . Слободно време да се ужива во убавините на Будва.
Во договорено време поаѓање преку Албанија за Македонија . Можност за попатна посета на Бар. Посета на храмот посветен на Свети Јован Владимир, втора по големина православна црква во Црна Гора. Потоа посета на Палатата на Крал Никола изградена на самиот морски брег, која била подарок за неговата ќерка Зорка и зетот, принцот Петар Караѓорѓевиќ .
Пристигнување во Македонија во доцните вечерни часови.
Крај на програмата.
ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 99 еур (6.140 денари )
РЕДОВНА ЦЕНА: 119 ЕУР ( 7.380 денари )
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :
сместување во Будва, 2 ноќевања во студија и апартмани
Превоз на дадената релација
Посета на Бар и Храмот посветен на Св. Јован Владимир
Посета на Острошки Манастир
Организација и водство на групата
ЦЕНАТА не вклучува :
Туристичка такса Будва – 4 еур
Факултативен излет до Котор , Пераст, Порто Монтенегро – 25 еур
Факултативно влезница во Црквата Госпа од Шкрпеља и превоз со брод– ? еур
Превоз до Острошки Манастир со комбиња 2 еур и туристичка такса 1 еур
НАПОМЕНИ:
- Ова патување можи да се реализира со лични карти.
- За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
- Доколку не се исполни потребниот минимум, агенцијата има право да ја зголеми соодветно цената, и да ги извести патниците.
- Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
- Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки од страна на организаторот.
- Агенцијата не одговара за исправноста на документите.





