Select Page

КРИТ (Превоз од Охрид)


1 ден – 29.04.2026 ( среда ) МАКЕДОНИЈА – ПИРЕА – ИРАКЛИО – КНОСОС – РЕТИМНО
Поаѓање во договорено време во раните утрински часови. Се упатуваме кон граничен премин Меџитлија. Гранични и царински формалности , неопходни паузи за одмор, пристигнуваме во Каламбака . Слободно време за одмор, ручек … Потоа продолжуваме кон атинското пристаниште Пиреа . Слободно време во импресивниот простор на Фондацијата „Ставрос Ниархос“ за прошетка или одмор. Навечер, качување на брод од пристаништето на Пиреа и заминување во 21:00 кон Ираклио, Крит.
Ноќевање на брод.
2 ден – 30.04.2026 ( четврток ) ИРАКЛИО – КНОСОС – РЕТИМНО
Пристигнување во Ираклио рано наутро и слободно време за кафе. Во 08:30 заминуваме за Кносос, најважниот минoјски дворец – центар на првата европска цивилизација. Поврзан е со митот за Минотаурот и е познат по својата архитектура, фрески и напредни системи за водоснабдување.
Потоа, слободно време во центарот на Ираклио за прошетка , ручек , одмор …Во договорено време заминуваме кон Ретимно и се сместуваме во хотел. Попладне слободно за одмор или прошетка во стариот град.
Ноќевање.
3 ден – 01.05.2026 ( петок ) РЕТИМНО – МАНАСТИР АРКАДИ – ИРАКЛИО – РЕТИМНО
Појадок. По појадокот заминување за Манастирот Аркади, еден од најзначајните манастири со UNESCO статус на Крит со драматична историја, симбол на жртва и слобода. Враќање во Ретимно, слободно време во старите улички или за ручек покрај морето.
Навечер слободно индивидуално време или организирана заедничка вечера во договор со групата.
Ноќевање .
4 ден – 02.05.2026 ( сабота ) : РЕТИМНО – ХАЊА – АГИА МАРИНА
Појадок. По појадокот, заминување кон живописната Хања – прошетка во венецијанското пристаниште, пазарот и традиционалните улички. Градот е еден од најбараните дестинации за одмор, град на многу приказни, древни, стари и современи…
Потоа следува посета на плажата Агиа Марина за капење и одмор.
Доцна попладне враќање во Ретимно.
Ноќевање .

5 ден – 03.05.2026 ( недела ) : РЕТИМНО – ПЛАКА ЕЛУНДА – СПИНАЛОНГА – АГ. НИКОЛАΟΣ – ИРАКЛИО (300 км)
Појадок. По појадокот се одјавуваме од хотел и заминуваме кон Плака Елунда, традиционално рибарско село со прекрасни плажи. Од таму следува факултативно возење со чамец до островот–споменик Спиналонга, познат по потресната историја на лепрозните. Некогаш било полуостров, а Млечаните од него направиле остров. Во 20 век овај остров бил колонија за лепеозните и е познат како град на духовите. Постои долг тунел познат како Дантеовата врата – бидејќи лепеозните не знаеле што ќе се случува со нив , а враќање назад небило можно.
После разгледот продолжуваме за Аг. Николаос – Св. Никола, еден од најкосмополитските градови на Крит. Градот има таканаречено езеро – затворен залив во средината на градот кое му дава посебност и голема привлечност на самиот град. Доцна попладне враќање во Ираклио, слободно време за прошетка и ручек. Вечерно качување на брод и заминување во 21:00.
Ноќевање на брод.
6 ден – 04.05.2026 ( понеделник ) ПИРЕА – ВОЛОС – МАКЕДОНИЈА
Пристигнување рано наутро во Пиреа. Со попатни паузи, пристигнуваме во модерниот пристанишен град Волос . Слободно време за одмор, прошетка, кафе, ручек… Во договорено време продолжуваме кон Македонија. Пристигнување доцна навечер исполнети со убави спомени од ова прекрасно патување.
КРАЈ НА ЕКСКУРЗИЈАТА



💰 Цена: 330 € по лице (двокреветна/трокреветна соба)


Во цената е вклучено:
Превоз со луксузен климатизиран автобус
3 ноќевања во хотел во Ретимно со појадок
Разгледи според програмата
Повратни бродски билети Пиреа – Ираклио – Пиреа (обична палуба)
Локален водич

Не е вклучено:
Туристичка такса
Влезници за музеи и археолошки локалитети (– € Кносос, — € Спиналонга)
Факултативна заедничка вечера — еур


НАПОМЕНА
Калкулацијата е правена на минимум 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.

  • За изведување на аранжманот е потребен потенцираниот минимум патници. Во спротивно организаторот има право да ја зголеми цената, или во краен случај да откажи.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
  • Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки од страна на организаторот.

BETI TERI